1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Саркози: Јас сум жртва на клевети

ЖА / агенции
22 март 2018

Францускиот екс-претседател, обвинет за корупција, преминува во контраофанзива и тврди дека судството врши негово оцрнување без да има цврсти докази против него.

https://p.dw.com/p/2ul7I
Frankreich Nicolas Sarkozy
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, тврди дека судството го обвинува без да има потребни докази.  Од 2011. година наваму, „овие клевети ми го претворија животот во пекол“, се вели во соопштение на Саркози, кое весникот „Фигаро“ го објави на својата интернет-страница. Според Саркози, не постојат цврсти докази кои би ги поддржале обвинувањата против него, туку тие се темелат единствено на изјави од либискиот екс-властодржец Моамер ал-Гадафи, неговиот син, внуците и екс-шремиерот“. Саркози е убеден дека станува збор за одмаздничка акција на режимот на Гадафи.

Француските правосудни органи покренаа истражна постапка поради со години присутната во јавноста афера за наводни илегални либиски донации за изборната претседателска кампања на Саркози  во 2007 година. На товар на поранешниот шеф на државата се става „пасивна корупција“, недозволено финансирање на изборна кампања и проневера на јавни пари од Либија, обвинувања кои Саркози категорично ги отрфла.

Повеќе: 

Дали Гадафи ја финансирал кампањата на Саркози?

Привидниот џин Саркози

Тој деновиве беше приведен и 26 часа помина во полициски распит, по што беше пуштен дома. Француските медиуми шпекулираат дека тој веројатно не може да ја напушта земјата или мора патувањата да ги пријави кај судија, што официјално не е потврдено. Исто така не мора да значи дека против Саркози ќе биде воден судски процес. 

Францускиот информативен портал „Медиапарт“ уште пред шест години го лансираше обвинувањето дека режимот на екс-либискиот диктатор Моамер ал-Гадафи ја кофинансирал изборната претседателска кампања на Саркози со повеќе, дури и до 50 милиони евра. Во 2016. година се јави бизнисменот Зијад Такидине со тврдење дека тој лично пренесол неколку куфери со пет милиони евра од Либија во француското Министерство за внатрешни работи, а таму во тоа време ресорен шеф беше Саркози. Никола Саркози ги негираше обвинувањата.