1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит ЕУ-Турција: Понуди едно, да добиеш друго

ЕМФ/дпа/ртр29 ноември 2015

Европа е упатена на соработка со Турција поради бегалската криза. На заеднички самит денеска двете страни треба да ги договорат заедничките чекори.

https://p.dw.com/p/1HED2
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Hoslet

Европската унија ја зајакнува соработката со Турција по прашањето на бегалците. На денешниот самит во Брисел шефовите на држави или влади на ЕУ со турскиот премиер Ахмет Давутоглу треба да договорат Акционен план со кој би се запрел бранот бегалци. ЕУ е упатена на Турција, поради тоа то преку нејзина теротирја доаѓа најголемиот број бегалци во насока на Европа.

Анкара сака подобра заштита на нејзиниот брегови и поефективни мерки против шверцерите со луѓе. За возврат ЕУ на Турција и‘ ветува многу пари. За помош на сириските бегалци во земјата Анкара треба да добие три милијарди евра. Досега меѓутоа, финансирањето не е сосема договорено меѓу 28-те земји членки на ЕУ. Од пролетта 2011 година, според официјални наводи на Анкара, во Турција заштита побарале 2,2 милиони Сиријци. Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува дека група држави на ЕУ има намера да и‘ понуди на Турција прием на 400.000 бегалци на своја територија, доколку Анкара за возврат го запре некнтролираното патување на луѓето во ЕУ. Против обврзувачки прием на бегалци од Турција има отпор кај многу држави на Унијата, па затоа сега, според весникот, група држави подготвени да примат контингент бегалци, меѓу кои Германија, Франција, Белгија, Холандија, Шведска, Финска, Луксембург, Австрија и Грција, ќе се состанат пред самитот во Брисел и ќе разговараат за деталите.

Акциониот план кој треба да биде договорен во Брисел ги надминува границите на бегалската криза. ЕУ, имено, има намера да ја забрза визната визната либерализација за турските граѓани. И во преговорите за приклучување на Турција во Унијата се очекува нов ветер.

„Со самитот ЕУ-Турција го продлабочуваме партнерството со еден од нашите најважни соседи, и тоа не само затоа што сме си еден на друг потребни, туку затоа што сакаме да постигнеме нешто заеднички“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер (на фотографијата со Ахмет Давутоглу) за „Билд ам Зонтаг“. „Ние сакаме продлабочување на соработката со Турција и надвор од границите на бегалската криза. Ако и‘ даваме поддршка на Турција да ги исполни побрзо европските стандарди во делот на економските прашања, енергијата, правосудството и човековите права, тогаш од тоа ќе профитираме сите“, нагласи Јункер.

Односите меѓу ЕУ и Турција се се‘ друго само не едноставни. Европа постојано го криткува ограничувањето на слободата на печатот и на мислењето, како и дефицитите на правната држава во Турција.