1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саем на автомобили во Шангај

БГ
20 април 2017

Кинескиот Шангај деновиве е центарот на светската автомобилска индустрија со саемот на кој се очекуваат еден милион посетители. Електричните автомобили се во фокусот

https://p.dw.com/p/2bbZg
China Auto Shanghai 2017 | Audi e-tron Sportback Concept car
Фотографија: picture alliance/Imaginechina/Bai Kelin

Автомобилскиот саем во Шангај беше отворен со голема помпа во средата. Присутни се сите водечки светски автопроизводители, а фокусот годинава е на електричните возила.

China Auto Shanghai 2017 | Skoda Vision E Concept car
Шкода претстави нов концепт на возилоФотографија: picture alliance/Imaginechina/Jerry

Во тој сегмент, кинеските производители веќе со години инвестираат огромни средства и во меѓувреме израснаа во водечки иноватори.

 

China Automesse Shanghai 2017
БМВ и8 ПротоникФотографија: picture-alliance/Imaginechina/B. Kelin


Кина е најголем пазар за автомобили во светот. Во 2016 година беа продадени 24 милиони возила, а бројката се очекува да достигнe 35 милиони до 2025 година.

Саемот во Шангај трае до 28 април. Повеќе детали дознајте од видеото: 

Саем на автомобили во Шангај