1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: Напад врз изборен штаб на Републиканците

Ж.А. /агенции
17 октомври 2016

Во подметнат пожар е уништен изборен штаб на Републиканската партија во сојузната држава Северна Каролина. Доналд Трамп ја обвини својата ривалка Хилари Клинтон, предупредувајќи и од изборни манипулации.

https://p.dw.com/p/2RIYj
USA North Carolina Hillsborough Anschlag auf Büro der Republikaner
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J. Drew

Во нападот врз локалниот изборен штаб на Републиканците во Хилсборо во Северна Каролина нема повредени, но е причинета материјална штета, соопшти градската управа. Ноќеска во просториите на изборниот штаб бил фрлен запаллив материјал низ прозорецот, кој предизвикал пожар.

Освен тоа, врз соседната зграда бил со спреј испишан кукаст крст и зборовите „Нави-Републиканци, напуштете го градот, инаку“. Локалното партиско раководство го оцени актот како „политички тероризам“, истакнувајќи дека постоела опасност некој да биде убиен. Бирото е целосно уништено. Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вината им ја припиша на приврзениците на својата ривалка од Демократската партија, Хилари Клинтон. Таа пак го осуди нападот како чудовишен и неприфатлив, искажувајќи олеснување што никој не е повреден.

Опожарен изборен штаб на Републиканците

Трамп обвинува за изборни манипулации

Во анкетите на јавното мислење Трамп се наоѓа зад свoјата конкурентка Клинтон. Според анкета по налог на ТВ Ен-Би-Си и „Вол Стрит Журнал“, Клинтон има 48 проценти, а Трамп 37 насто поддршка. Анкета порачана од Еј-Би-Си и „Вашингтон Пост“ пак зборува за четири проценти предност на Клинтон во однос на Трамп.

Во повеќе американски сојузни држави веќе може да се гласа преку писмо или во порано отворени гласачки места.

Трамп ја доведува регуларноста на претседателските избори генерално во прашање. На Твитер тој напиша дека постои манипулација на резултатот во бројни избирачки места, а одговорноста ја лоцира кај „’фалсификувачките’ медиуми, кои ја поддржуваат корумпираната Хилари Клинтон“.