1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рохани пред бројни предизвици

Шарам Ахади/ ЖанаАцеска3 август 2013

Денеска (03.08) стапува на должност новиот претседател на Иран, Хасан Рохани. Очекувањата од умерениот теолог се големи. Нo, на домашна сцена, тој стои пред големи предизвици.

https://p.dw.com/p/19Ihz
Фотографија: FARS

Листата е долга: придвижување во атомскиот спор, ублажување на санкциите, справување со економската криза, зачувување на човековите права и олабавување на цензурата. Тоа се само дел од темите на агендата на Рохани. Очите на домашната јавност и од странство се насочени со надеж во промени. Очекувањата не се неосновани.

„Иран отвора ново поглавје на умереност“, гласи централната порака која на меѓународната заедница и‘ ја упати новиот ирански претседател на неговата прва прес конференција по изборите на 14 јуни.

Надеж во поголема рационалност

64-годишниот теолог вети поголема транспарентност пред се‘ во атомскиот спор со Западот. Рохани истакна, според него постои само едно решение, дипломатско. Во суштина, шансите за рационален дијалог пораснаа со доаѓањето на Рохани, смета Ролф Мицених, надворешнополитички портпарол на пратеничката група на Социјалдемократската партија на Германија во Бундестагот. Западот сега за партнер има претседател, кој и самиот од 2003 до 2005 беше ирански преговарач во атомскиот спор и е искусен во дипломатијата.

„Во прва линија, Германија би можела од Рохани да очекува поголема умереност, подобар стил и способност за користење на шансите. Тоа се однесува имено и на атомскиотс спор“, вели Валтер Пох, експерт за Иран во берлинската фондација Наука и политика во интервју за Дојче веле.

Iran Politik Ali Khamenei und Hassan Rohani
Али Хамнеи и Хасан РоханиФотографија: Tasnim

Иранска последна шанса?

Како и неговиот претходник, Махмуд Ахмадинеџад, така и новиот претседател иранската атомска програм аза оценува за оправданаи планира да продолжи со облагородување ураниум. Според Пош, Иранците во времето кога Рохани беше генерален секретар на иранскиот национален Совет за безбедност, навистина направија важни напредоци во областа на атомската технологија, од кои тој нема да се откаже. Меѓутоа, олабавување на масивните санкции тешко дека ќе биде можно без компромис во преговорите за атомскиот спор. Од аспект на експерто за Иран, Пош, ова е последна шанса за Иран да спречи земјата да стане жртва на тотална изолација и општа економска блокада. Но, има и мислења дека Западот треба да испрати повеќе позитивни сигнали, тоа на пример го заговара претставникот за надворешна политика на Зелените, Омид Нурипур во разговор за Дојче веле:

„Цело време зборуваме за целосен пакет од поттици и притисок во врска со проблемот. Би било супер ако Американците сега би сакале да водат директни преговорисо Иран на повисоко ниво“.

Ништо не се прави без Хамнеи

Во своите пресметки, Рохани меѓутоа мора да ја има во предвид надредената константа: ајатолахот Али Хамнеи, духовниот водач на земјата. Во првиот официјален телевизиски говор новиот претседател најави дека надворешната политика ќе се води со земањево обзир на сите права на нацијата и согласно со укажувањата на духовниот водач. Хамнеи досега е против директни разговори со САД а во надворешнополитичките случувања следи тврда линија. Но, и кај него не останаа без траги катастрофалните последици на санкциите прптив Иран, борбата за превласт меѓу конзервативните сили и конфликтот со досегашниот претседател, Махмуд Ахмадинеџад. Повеќемина експерти изборот на Рохани го толкуваат како сигнал за зголемената подготвеност на Али Хамнеи за компромис.

„Хамнеи го постигна она кон што се стреми уште од 2010 година“, вели експертот Пош, а тоа е смирување на внатрешнополитилките конфликти. Односот на Рохани кон Хамнеи е неоптоварен, двајцата ги поврзува долгогодишна соработка.

„Хамнеи го цени Рохани, кој во прва линија е технократ, што го смирува во однос на демократските експерименти, при кои човек никогаш не знае каде ќе завршат“, вели Пош.

Iran Uran Atomanlage
Атомскиот спор му донесе масивни санкции на ИранФотографија: Getty Images

Западот се надева на позитивни сигнали од Иран не само во однос на атомскиот спор, туку и во сирискиот конфликт. Учеството на Иран на втората планирана меѓународна конференција за Сирија со изборот на Рохани се чини поизвесно.

Човековите права и економската криза

Рохани и на внатрешнополитички план се наоѓа пред големи предизвици. Во последните години Иран е на тапет на меѓународната заедница не само поради атомскиот спор, туку и поради се‘ почести повреди на човековите права, на кои укажуваа ОН и бројни организации. Во изборните ветувања на Рохани спаѓаат меѓу другото ослободување на политичките затвореници, олабавувањето на цензурата и надзорот над општсетсвото од страна на полицијата за морал, како и поголеми права на жените.

Најголем предизвик за Рохани секкао ќе биде справувањето со катастрофалната економска ситуација во земјата. Пред стапувањето на должност, тој најави дека во првите 100 дена ќе направи реална и објективна анализа на економските проблеми и ќе презентира излезни решенија. Олабавување на санкциите преку напредок во атомскиот спор на Иран веројатно би овозможиле малку поголем маневарски простор за економијата. Но, не е мал ни уделот на проблеми кои настанаа со неуспешниот менаџмент на последната влада на Ахмадинеџад.

„Иран има исклучително големи домашно создадени проблеми“, потврдува експертот Валтер Пош, кој кон иднината гледа со претпазлив оптимизам:

„Рохани е вистински човек кој знае да се справи со сите политички табори“.