1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рот: Треба да се оди кон заедничка иднина

ЕМФ /агенции
11 јули 2017

Државниот министер за Европа во германското МНР Михаел Рот со зборови за поддршка на Македонија на патот кон ЕУ.

https://p.dw.com/p/2gMTo
Türkei Istanbul Michael Roth
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Merey

Eвропските перспективи на Македонија и добрососедските односи и регионалната соработка беа во фокусот на денешната средба во Скопје на македoнскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот. Притоа особено се разговарало за она што е приоритет во политиките на новата македонска влада.

Државниот министер Рот ја реафирмирал поддршката на Германија за европската иднина на Македонија, поздравувајќи ги првите чекори на новата македонска Влада во насока владеење на правото и принципот на одговорност, но и пристапот на отворена и конструктивна политика со соседите и регионот. Рот, како што соопшти македонското МНР, уверил дека германските напори и посветеност во рамки на заедничката соработка со Македонија ќе продолжат и во иднина, со цел реализација на европските и евроатланските аспирации на земјата.

Зборувајќи за спорот со името како пречка на патот кон ЕУ, Рот на прес-конференцијата во Скопје, по средбата со Димитров рече дека ја почитува емотивноста на двете страни околу ова прашање, но смета дека „историјата треба да си остане историја“ и „треба да се оди кон заедничка иднина“. „Германија е подготвена, доколку тоа се посакува, да даде поддршка во овој правец“, рече Рот.

Според шефот на македонската дипломатија Димитров, „Македонија се наоѓа во нова, позрела фаза“, во која приоритет има градењето функционални институции. Во сферата на надворешната политика на земјата има намера да преземаа „pозитивен и отворен однос кон сите соседи“ и да ја промовира „потребата од активна и конкретна регионална соработка“.

Димитров на средбата со Рот го поздравил ангажманот на Германија, меѓу другото и преку Берлинскиот процес и стратегиите од типот на ‘Берлин плус', оценувајќи ги како исклучително важен стимул на процесите за приближување на Македонија и регионот во ЕУ.