1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ребека Брукс е ослободена со кауција

18 јули 2011

Поранешната шефица на „Њус интернешенал“, Ребека Брукс, која беше уапсена поради аферата со прислушување во Велика Британија, е повторно на слобода по платена кауција.

https://p.dw.com/p/11xmF
Ребека БруксФотографија: picture alliance/dpa

На крајот на октомври, Брукс мора повторно да се јави во полициска станица во Лондон, соопштија властите. Брукс е во центарот на скандалот со прислушување на говорни телефонски сандачиња од страна на вработени во весникот „Њус оф д ворлд“, кој во меѓувреме престана да излегува од печат. Таа порано беше главен уредник на весникот, а беше и десна рака на издавачот Руперт Мардок. Во аферата, во меѓувреме, се вмешани и политичари и други официјални лица. Шефот на Скотланд Јард, Пол Стивенсон, се повлече од функцијата. Скотланд Јард е обвинет дека и покрај тоа што постоеле укажувања за прислушување против „Њус оф д ворлд“, скандалот не бил разоткриен.

Автор: ЕМФ/ЖА/дв

Редактор:Трајче Тосев