1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Разноликост наместо едноличност

ЕМФ/дпа/ртр4 јули 2016

Еден милион луѓе учествуваа на ЛГБТ-парадата во Келн. Дел од парадата беше и групата „Ние сме Орландо“.

https://p.dw.com/p/1JIaD
Фотографија: DW/M. Drabok

Келн е за разноликост. Викендов градот беше домаќин на учесниците на парадата на хомосексуалците. Бројот на учесници - околу еден милион, покажа дека и по нападот во Орландо, ЛГБТ-заедницата не потклекнува.

Во знак на сеќавање на жртвите, знамињата во боите на виножито, поставени на еден од мостовите на Рајна, беа на половина копје. Раководителот на „Кристфоер стрит деј“ во Келн, Јерг Калитович, изјави дека „Орландо е шанса, иако тажна, да се покаже дека жртви на напади има насекаде, па и во Германија“. Според учесниците во парадата, не смее да се заборави дека сѐ уште во многу земји во светот хомосексуалците се прогнувани и жртви на напади.

„Кристофер стрит деј“-парадата во Келн се одржа првпат во 1991 година.

Погледнете како беше годинава:

Разноликост наместо едноличност