1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Разбудената“ Етна

СН/ агенции
2 март 2017

Последен пат нависокиот вулкан во Европа еруптираше во мај 2016 година. Сега Етна повторно приредува спектакуларно светлосно шоу на небото над Сицилија, без опасност за луѓето.

https://p.dw.com/p/2YVSE
Italien | Vulan Ätna spuckt Lava
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/S. Allegrapicture alliance / Salvatore Allegra/AP/dpa

По речиси едногодишен сон, вулканот Етна на почетокот од неделава повторно започна да исфрла лава и чад. Спектакуларно светлосно шоу го осветлува небото над италијанскиот остров Сицилија веќе неколку дена.

Големи фонтани од лава кои вулканот ги исфрла високо во небото  можат да се видат од градот Катанија и од одморалиштето Таромина.

Иако облаците од вулкански чад можат да предизвикаат пореметувања во авионскиот сообраќај, блискиот аеродром кај Катанија функционира нормално. Италијанските власти внимателно ја следат ситуацијата и Националниот институт за геофизика и вулканологија соопшти дека ерупциите во моментов не претставуваат опасност за луѓето или за имотот во околината на вулканот.

Етна е највисокиот вулкан во Европа на надморска височина од 3.300 метри и е еден од најактивните вулкани во светот.

 

Ерупциите на Етна продолжуваат