1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Разбојникот запрен со игнорирање

БГ13 јули 2016

Сопственик на продавница во градот Крајстчрч во Нов Зеланд ги освои симпатиите на јавноста откако сопре потенцијална кражба со игнорирање на разбојникот вооружен со пиштол.

https://p.dw.com/p/1JO0j
Фотографија: picture-alliance/Bildagentur-online/Jorgensen

Саид Ахмед вели дека одлуката да го игнорира крадецот му дошла спонтано и оти во тие моменти единствено мислел на своето семејство.

На снимката од безбедносната камера се гледа како маскиран и вооружен крадец упаѓа во продавницата, но сопственикот едноставно го игнорира и продолжува да го услужува другиот муштерија. По кусо време, разбојникот ја напушти продавницата со празни раце.

„Не сум херој, само ја контролирав мојата реакција“, вели Ахмед.

Разбојникот запрен со игнорирање