Радијација во атмосферата-Токио под закана
15 март 2011Јапонската влада денеска за првпат предупреди од опасност по здравјето на населението. Радиокативноста во околината на нуклераната централа Фукушима 1 драстично ги надмина дозволените гранични вредности изјави премиерот Наото Кан во телевизиското обраќање:
„ Дојде до водородна експлозија во реакторите 1 и 3 како и пожар во реакторот 4. Озрачувањето во регионот е многу високо. Постои опасност да има и други места од каде истекува радиоактивност. Затоа повикувам, сите луѓе во околината на нуклеарката Фукушима Даичи да го напуштат регионот и надвор од зоната од 20 километри.“
Високо радиоактивно озрачување околу нуклеарката Фукушима
Портпарол на фирмата која управува со нуклеарната централа, Токио електрик пауер накусо Тепко, за јапонската телевизија НХК изјави дека претпријатието ја информирало владата за ситуацијата, и не може да се исклучи можноста дека дошло до топење на атомското јадро. Се претпоставува дека долниот дел на заштитниот сад, во кој е сместено нуклеарното јадро, било оштетено при експлозијата во реакторот број 2, самото јадро меѓутоа не било оштетено. Во моментот на новата експолозија според метеролозите бил присутен северен ветер.
Јапонската новинска агенција Кјодо, во меѓувреме објави дека нуклеарното озрачување во околината на атомската централа утрово била осум пати повисока од дозволената годишна граница за луѓето. Исто така и јужно од нуклеарката, во провинцијата Ибарака, меѓу Фукушима и главниот град Токио биле измерени зголеми вредности на озрачување, јави новинската агенција. Според јапонските медиуми и во Токио веќе била измерена зголемена радиоактивност. Многумина жители на милионскиот град, од утрово почнаа да го напуштаат Токио во правец на југ на земјата.
„Многу сум загрижена поради радиоактивноста во околината и какви влијанија по здравјето ќе донесе тоа“, вели една Јапонка.
Нема шанси за пронаоѓање преживеани
Тимот на германската Техничка служба за помош во меѓувреме го завршува својот ангажман во Јапонија. Околу 100 часови по силниот земјотрес и цунами брановите практично не постојат шанси, во регионот погоден од катастрофата да бидат пронајдени преживеани. Напротив бројот на жртвите расте. Полицијата ја потврди смртта на преку 2.400 луѓе. Повеќето од нив животот го загубиле во провинцијата Мијаги.
По третата експлозија во нуклеарката Фукушима, на берзата во Токио денеска продолжи падот на акциите. Индексот Никеи по отворањето на берзата падна за десет проценти, извесен период и под вредноста од девет илјади поени.
Автор: Бернд Муш Боровска/ Александра Трајковска
Редактор: Симе Недевски