1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин позитивен кон САД, остри критики за Турција

З. Јордановски/дпа17 декември 2015

Рускиот претседател на традиционалната годишна прес-конференција со позитивна оцена за американскиот предлог за резолуција за Сирија. Путин ги искритикува Турција и Украина.

https://p.dw.com/p/1HPJH
Фотографија: Reuters/S. Karpukhin

Еден ден пред конференцијата за Сирија во Њујорк, рускиот претседател Владимир Путин на годишната прес-конференција во Москва ги поддржа напорите на САД за нова резолуција на ОН за Сирија. „Вашингтон поднесе прифатлив предлог, иако во некои точки мора да се доработи“, рече Путин пред речиси 1400 акредитирани новинари. „Во целост погледнато, ни одговара“, оцени тој.
Текстот на предлог-резолуцијата во вторникот во Москва го донесе американскиот државен секретар Џон Кери, Русија и САД следат иста цел за сузбивање на терористичката ораганизација Исламска држава (ИД), но тој процес е оптоварен од расчекорот околу судбината на сирискиот претседател Асад: Русија го поддржува, САД се за негово повлекување.

Нема простор за согласност со турското раководство

Истовремено рускиот претседател предупреди дека во барањето решение за кризата во Сирија, Турција ги донела сите засегнати во многу тешка ситуација. Односите на Москва со Анкара, која учествува во антитерористичката коалиција предводена од САД, се на најниска точка по соборувањето на рускиот борбен авион на 24. ноември од страна на Турција. „Тоа беше непријателски чин“ и во оваа пригода повтори Путин. Тој кажа дека не гледа простор за постигнување некаква согласност со турското раководство. Санкциите првенствено против турската туристичка бранша, шефот на Кремљ ги оправда со растечката опасност од терор. Турција се исламизира, таа им нуди прибежиште на борците на ИД, рече Путин.

Киев не се приджува кон договорот од Минск

Тој остро се пресмета и со Украина: раководството во Киев го обвини дека не се придржува кон мировниот план за Источна Украина постигнат во Минск. Постојаните барања Русија да го почитува тој договор одат на погрешна адреса: „Ние не сме заинтересирани за заострување на конфликтот“, уверуваше Путин. Тој уште еднаш демантира дека во Донбас биле присутни регуларни руски трупи.
На помпезно организираната конференција, претседателот ги охрабри своите сонародници, погодени од тешката економска криза: „Кулминацијата на кризата е помината“, оцени тој.