1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ПССЕ повторно ќе воведе мониторинг мисија во Македонија?

Горан Петревски17 јули 2008

Политичкиот дијалог е една од најкрупните забелешки на претставниците на ПССЕ. Македонија ќе добие датум на преговори за членство во ЕУ ако што побрзо ги исполни поставените критериуми.

https://p.dw.com/p/Edwq
Зградата на Советот на ЕвропаФотографија: Council of europe

Дефицит во однос на демократијата, човековите права и почитување на човековите права констатираа членовите на постизборната мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во Македонија. Андреас Грос и Мевлут Чавушоглу на прес конференцијата на крајот од дводневната посета најавија дека во септемврискиот извештај можно е да предложат повторно отворање на мониторинг мисија за Македонија.

„Сега се наоѓаме во фаза на постизборен дијалог и испраќањето на оваа мисија значи дека како што споменав можеби, ќе ја разгледаме можноста зa отворање на постизборен мониторинг односно на механизам на постизборен мониторинг кој што значи дека се идентификувани одредени проблеми, односно одреден дефицит во однос на демократијата, владеењето на правото и човековите права кои што се основните вредности врз кои се темели Советот на Европа. Ние се уште сме во фаза на анализирање и ќе ја разгледаме оваа можност која што можеби ќе биде предложена на Бирото на Парламентарното собрание - рече Чавушоглу. Политичкиот дијалог е една од најкрупните забелешки на претставниците на ПССЕ. Тие ја повикаа ДПА да се врати во Собранието. Во однос на датумот на преговори за членство во ЕУ, Грос истакна дека колку побрзо Македонија ги исполни поставените критериуми, толку побргу датумот ќе биде извесен.