1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Детска проституција во Јапонија

Јулијан Рајал/бг24 јули 2015

„Јоши косеи осампо“- „прошетка со средношколка“. Звучи наивно, но всушност се работи за суров бизнис: секс со деца. Од Токио известува Јулијан Рајал

https://p.dw.com/p/1G3jC
Фотографија: T. Kitamura/AFP/Getty Images

Рана саботна вечер. Акихабара е преполна. Тоа е „корзо на технологијата“ во Токио, светски познат по богатата понуда на најнови технички уреди. Светлечките реклами и неонските светла ги мамат минувачите. Недалеку од железничката станица, луѓето доаѓаат и заминуваат. Акихибара се протега на повеќе блокови. Рај за купување техника. Но не сите кои доаѓаат овде се во потрага по најнов модел на смартфон или таблет. Паралелно со главната улица на Акихабара е Тсукумо Дори, една тесна уличка. И тука можат да се пронајдат електронски уреди, но од пред десетина години тука може да се купи и уште нешто: млади девојки.

Училишни униформи и манга костуми

На секои неколку метри стојат млади девојки кои на постарите мажи им туткаат летоци во рацете, со покани да го посетат „кафулето“ зад зградата. Некои од нив се облечени во училишни униформи со многу кратки здолништа, други се облечени во костуми на познатите Манга фигури од стриповите. Сето делува слатко, невино.
Но тие млади девојки во „кафулето“ нудат нешто што не е наведено во официјалната понуда: „јоши косеи осампо“, или во превод „Прошетка со ученички од средно училиште“. За прошетката долга половина час со една од нив мажите плаќаат 5 илјади јени, или околу 37 евра. Од таа сума, „кафулето“ зема половина. Во понудата уште има и: прегратка од девојката за муштеријата или лежење покрај него. Не се работи за секс, на крајот на краиштата тоа не е ни дозволено, вели сопственикот на „кафулето“.

Japan Aktivisitin Yumeno Nito Sexindustrie
Јумено НитоФотографија: picture-alliances/L. Nicolaysen

Виновни се девојките

Јумено Нито тоа решително го негира: Јапонија не е особено напредна нација кога се работи за разбирањето на проблемите со детската проституција“, вели Нито. Сексот со деца е нелегален во Јапонија и за таквиот престап предвидена е затворска казна до пет години или висока парична казна. Затоа местата каде што се нудат такви услуги се нарекуваат кафуле, масерски салон или фотографско студио. На почетокот на годината полицијата затвори еден локал во кој возрасните мажи можеа да гледаат ученички кои носеле здолништа во традиционален оригами стил.
„Во Јапонија на јоши косеи се гледа како на тренд, некој вид забава“, критикува Нито. „Општеството тоа го гледа на следниот начин: Девојката која работи во таа бранша е лоша. Нејзините родители не си ја извршиле улогата. А личноста која ја купува девојката не треба да се обвинува“. Затоа е многу тешко да им се помогне на девојките кои ќе се најдат во таква опасност. Нито и самата како тинејџерка избегала од дома и работела во едно „кафуле“ во Токио. Еден свештеник и помогнал да го напушти тој свет. Нито денес со својата организација „Колабо“ им помага на други девојки. Нито објаснува дека повеќе илјади тинејџерки само во Токио завршиле во рацете на мафијата и на порно-индустријата, некои уште на 14 години.

Одговорноста на медиумите

Deutschland Manga-Messe Connichi in Kassel
Девојка во Манга костумФотографија: picture-alliance/dpa/T. Lindemann

Макото Ватанабе говори за одговорноста и на медиумите во јапонското општество: „Сметам дека целиот јоши косеи бизнис го поттикнуваат јапонските медиуми“, вели за ДВ овој експерт за комуникации и медиуми на Хокаидо Универзитетот. „Изминативе години забележлив е вртоглав пад на квалитетот на мејнстрим медиумите кој веќе може да се означи како софт-порно“. Тоа е забележливо и во музиката, со групи како АКБ48: група тинејџерки кои настапуваат во ултра-кратки здолништа и кои често се појавуваат и на реклами.
„Во западниот свет тоа сѐ уште се смета за ненормално“, вели Ватанабе. „Тука тоа во меѓувреме стана мејнстрим. Никој веќе за тоа не размислува.