1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прошетка меѓу диносауруси

СН/ агенции
10 февруари 2018

Таканаречениот Дино Парк беше отворен вчера во местото Луриња во Португалија и посетителите во него можат да им се воодушевуваат на преку 120 модели на диносауруси во вистинска големина.

https://p.dw.com/p/2sRYY
Iguanodon
Фотографија: imago stock&people

Во суштина станува збор за музеј на отворено, на површина од десет хектари, кој ќе вклучува четири патеки на некои од најважните епохи во историјата на планетата Земја: доцен палеозоик, тријасик, јура и креда. Покрај патеките на отворено посетителите ќе можат да ја погледнат и изложбата во Музејот Луриња, со фантастична палеонтолошка колекција.

Дино-парк во Португалија

Изградбата на паркот беше иницирана во минатата година, со убедување дека ќе биде проект-столб за поголемо влијание на развојот на туризмот во регионот. Луриња која се наоѓа во западна Португалија е еден од најбогатите региони во Европа со фосилни остатоци од диносауруси, некои стари и до 150 милиони години.