1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Против хомофобија, за различност

ЕМФ/дпа17 мај 2016

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. Канадскиот премиер Трудо најави законски мерки за заштита на ЛГБТ-лицата.

https://p.dw.com/p/1Ioz7
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Fischer

Иницијативата за Меѓународен ден за борба против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата дојде од Луј-Жорж Тин, денес раководител на француската секција на Меѓународната асоцијација на ЛГБТ-лица. За таа цел е избран 17 мај, денот кога во 1990 година Светската здравствена организација ја избриша хомосексуалноста од листата на психички болести.

CSD Köln 2015 Conchita Wurst
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Seidel

Меѓународниот ден почна да се одбележува од 2004 година. Денес 130 земји го одбележуваат денот за борба против хомофобија, трансфобија и бифобија, а тој е официјално признат и од повеќе меѓународни институции, како Европскиот парламент.

Symbolbild Homosexualität Deutschland
„Пушти ме да бидам шарен“Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken

Канадскиот премиер Џастин Трудо најави законски мерки за заштита на ЛГБТ-лицата. Во говор што го одржа на покана на една група која се бори за права на хомосексуалците во Монтреал, Трудо вчера оцени дека и покрај досега постигнатиот напредок, сѐ уште има случаи на неправда кон овие лица. Затоа борбата за „вистинска рамноправност“ не смее да престане.

CSD Köln 2015
Фотографија: Reuters/W. Rattay

Предлог законот за заштита би требало да биде преставен денеска од страна на канадската министерка за правда, Џоди Вилсон-Рејболд. Со законот трансродноста ќе биде под заштита исто како што со канадскиот закон за заштита на човековите права веќе се под заштита расната припадност, верата, возраста, полот или сексуалната ориентација.