1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протестите продолжуваат со нов интензитет

18 април 2016

По паузата во неделата, од денеска низ повеќе градови во Македонија продолжуваат протестите.

https://p.dw.com/p/1IXk3
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

По паузата во неделата од денеска низ повеќе градови во Македонија продолжуваат протестите. За правда, слобода и демократија во Република Македонија е мотото под кое викендов протести се одржаа и во Њујорк и Вашингтон.

Во Македонија, освен во Скопје, веќе се протестира и во Битола, Велес и Струмица. За денеска е најавено дека #протестирам ќе се прошири и во Куманово и Штип.

Партијата на етничките Албанци во Македонија, Беса најави дека од денеска исто така ќе им се приклучи на протестите.