1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Шпанија против штедењето

25 јули 2011

Шпанците се незадоволни поради владините мерки за штедење и високата невработеност

https://p.dw.com/p/122md
Фотографија: AP

Илјадници демонстранти од цела Шпанија синоќа во Мадрид учествуваа на протест против невработеноста и економската криза во земјата. Меѓу присутните имаше и такви кои до Мадрид стигнаа пеш уште во петокот. Во непосредна близина на Парламентот тие наидоа на полициска блокада, но не се случија инциденти.

„Нема да плаќаме за оваа криза“, „Да влеземе во Конгресот“, „Тие не не претставуваат“ - скандираа демонстрантите по булеварите во центарот на Мадрид, изразувајќи го гневот против политичарите. Граѓанското движење „Незадоволни“ се појави во мај.. Во него се обединети луѓе од сите социјални слоеви - млади, студенти, вработени, пензионери и невработени. Од економската криза во Шпанија особено се погодени младите. Меѓу нив невработеноста изнесува 40 проценти.

Автор: ТТ/дв

Редактор: