1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протестен марш во Скопје

ЕМФ
28 февруари 2017

Во организација на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија во Скопје синоќа се одржа протестен марш. Учесниците бараат зачувување на унитарноста на државата и се против промена на името.

https://p.dw.com/p/2YMqb
Mazedonien Skopje Demonstration
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Игор Дурловски од Граѓанската иницијатива прочита проглас, во кој од политичките партии се бара да го почитуваат Уставот  и да се обврзат дека нема да работат на промена на името и на суштината на државата. Во прогласот се бара и ниту една партија да не прифаќа „платформи создадени за туѓи интереси“.

За денеска се најавени нови протести во неколку градови во Македонија.

Протестен марш во Скопје