1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пронајден дел од исчезнатиот малезиски авион?

Ања Кох/Ж.А.30 јули 2015

Исчезнатиот авион на Малезија ерлајнс на лет МХ370 се‘уште е загатка. Експерти вршат анализа на дел од Боинг 777 нанесен од водата на островот Реунион во Индискиот Океан, за кој постои сомнеж дека припаѓа на авионот.

https://p.dw.com/p/1G7Q3
Фотографија: Getty Images/AFP/Y. Pitou

Дел од авионско крило долг само два метри, но може да значи клуч за најголемата загатка на цивилното воздухопловство.

Тој беше најден на брегот на францускиот остров Реунион. Експертите се речиси сигурни дека делот припаѓа на трупот на Боинг 777, значи истиот модел како оној кој без трага исчезна пред 16 месеци.

„Ова е многу значаен развој. Станува збор за прво сериозно укажување на можниот труп на МХ370. Рано е за донесување конечен суд, но ова е важна трага, затоа се‘ што најдовме овде треба детално да се прегледа,“ истакнува Ворен Трас, австралискиот заменик премиер.

На пронајдениот остаток е втиснат број, со кој тој може точно да се идентификува. Но, за тоа ќе биде потребно време, нагласуваат од Француското воздухопловство.

Боингот 777 на Малезија ерлајнс во март 2014 година без трага исчезна при летот од Куала Лумпур кон Пекинг. Потрагата досега се концентрираше на огромна област во јужниот дел од Индиски Океан во близина на Австралија, речиси 4 илјади километри западно од Реунион.

Жакита Гомез во трагедијата го загуби сопругот. Се надева дека сега ќе најде мир.

„За нас ќе постои целосна извесност само кога ќе го најдат целиот авион. Тогаш конечно ќе можам да се простам од мојот маж како што заслужува.“

Малезија ерлајнс не сака да учествува во шпекулациите околу пронајдениот дел. Во моментов, велат од компанијата, тоа е прерано.

Клуч за загатката МХ370?