Продажбата на ајфон се намалува
27 јули 2016Малиот Iphone SE станува продажен шлагер. Смартфонот кој чини 400 евра и кој во продавниците дојде во март годинава, е особено омилен во земјите во забрзан подем, како Бразил и Индија. Но, проблемот на Епл е што и многу потрошувачи во САД и Западна Европа претпочитаат повеќе да го имаат поевтиниот модел, а не скапите Епл-апарати. Освен тоа, многумина ги користат своите апарати подолго и поретко ги менуваат за понови модели.
Тоа се главните причини зошто добивката на Епл во изминатите три месеци е намалена за цели 27 проценти, но сепак и натаму изнесува горди 7,8 милијарди долари.
Бројките покажуваат и дека не се подобрува продажбата на Apple Watch. Во кварталниот извештај тој и натаму се води под категоријата „останати продукти“. И во овој дел Епл бележи пад на профитот.