1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Притвор за осомничените во акцијата „Шпион“

АТ/ макфакс18 септември 2013

16 осомничени во акцијата „Шпион“ добија 30 дневен притвор, а на едно лице поради здравствени причини му е одреден домашен притвор. Притвор во отсуство им е одреден и на тројцата осомничени, меѓу другото и за шпионажа.

https://p.dw.com/p/19js2
Фотографија: picture-alliance/dpa

Истражен судија им одреди 30 дневен притвор на 16 уапсени во акцијата „Шпион“ кои беа изведени пред суд, освен на еден кој ќе оди во домашен притвор поради лошата здравствена состојба.

Притвор во отсуство им е одреден и на тројцата осомничени за злосторничко здружување, шпионажа, уцена и измама кои се во бегство.

Во акцијата „Шпион“ кривична пријава им беше поднесена вкупно на 20 лица од кои тројца се во бегство. Тие се товарат дека оддавале информации на странски безбедносни служби, главно на соседна земја. Освен со шпионажа тие се занимавале и со измами и уценувале јавни личности и лица од бизнис заедницата. Тие се осомничени дека ним им земале пари и им се заканувале дека ќе објават компромитирачки материјали за нив на интернет портали.

Меѓу уапсените се шефот на кабинетот на собранискиот спикер, Марјан Маџовски, поранешниот директор на Агенцијата против перење пари, Ване Цветанов, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, Александар Динески од УБК, а се трага по новинарот Зоран Божиновски сопственик на интернет весникот „Буревесник".