1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претерана игра!

Ролф Венкел / Превод А.Трајковска21 октомври 2014

Машиновозачите на железницата и пилотите на Луфтханза играат пинг-понг. Само што една група ќе почне да работи, друга почнува со наредниот штрајк. Ролф Венкел негодува поради моќта на синдикатите по гранки.

https://p.dw.com/p/1DZ2T
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Hase

Синдикатот на германсктие машиновозачи не им го дозволува на граѓаните нивниот есенски одмор. Поинаку не може да се објасни, зошто за нивниот штрајк го одбраа токму викендот кога во девет германски покраини училишниот распуст или почнуваше или завршуваше. Малкуте возови кои сообраќаа, можеа да возат, бидејќи железницата има уште некои постари машиновозачи во своите редови, кои се службеници и затоа не смеат да штрајкуваат. Дури и големите поборци на либерализацијата и приватизацијата на вакви денови се фаќаат во размислување дека во старите времиња на државната железница сепак не беше сѐ толку лошо.

Јас немам ништо против машиновозачите, тие извршуваат одговорна работа. Исто како и пилотите, кои се собрани во здружението Кокпит, или клиничките лекари во Марбургер Бунд, или контролорите на летови, или стујардесите и стујардите, или работниците на шините во железницата. Јас само имам против, што мали групи бесрамно ја искористуваат својата клучна позиција за да изнудат привилегии за себе, кои други не ги добиваат.

Една фирма - еден синдикат?

Порано во Германија важеше принципот „една фирма, еден синдикат“. Тогаш со насмевка гледавме на Англија и времето пред Тачер и се смеевме кога со електричните локомотиви мораше да се вози и ложач, оти синдикатот така сакаше. Една фирма, еден синдикат - тоа има смисла. Тоа ги поедноставува тарифните договори и поумерено се одразува врз продукцијата, ако воопшто се штрајкува.

Porträt - Rolf Wenkel
Ролф ВенкелФотографија: DW

Сега се чини Германија станува Штрајк Република Германија. Малите групи препознаа дека со релативно малку средства можат да ја парализираат половина земја. И тоа од целосно егоистични мотиви. Така, пилотите со сите средства сакаат да ја зачуваат одредбата со 59 години да одат во пензија, да примат раскошна премија - која друга бранша има таква привилегија? Освен тоа, на својот работодавач на еден таков ден му нанесуваат штета од 70 милиони евра.

Секира на корењата на тарифната автономија

Синдикат по гранки за мене не е ништо друго освен куп егоистични паразити. Тој внесува раскол во работниот колектив на големите синдикати по бранши и става секира врз корењата на тарифната автономија.

Можеби е иронија на историјата што токму една министерка за труд и социјала од Социјалдемократската партија работи на предлог закон, како Штрајк Република Германија повторно да се врати на регулирани патеки. Но машиновозачите и пилотите самите придонесоа за тоа и отидоа предалеку: досега осум штрајкови на пилотите и пет на машиновозачите само во оваа година - тоа за едно мобилно општество едноставно е премногу!