1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преоптоварени, но широкогради

Александер Кудашеф/превод:БГ3 септември 2015

Прогонетите луѓе ширум светот ја одбираат Германија. Нема подобар комплимент од тоа. А Германците ќе сторат сѐ за да ја оправдаат довербата во нив, смета главниот уредник на ДВ, Александер Кудашеф

https://p.dw.com/p/1GQPy
Фотографија: Getty Images/AFP/C. Stache

Германија е земја на имигранти. Тоа е земја на надеж за луѓето од Блискиот исток, Африка, Азија и Балканот. За луѓето кои бегаат од војни, тиранија, тортура, прогон, дискриминација, сиромаштија и безнадежност. Стотици илјади луѓе бегаат, често ризикувајќи ги своите животи и ставајќи се себеси на милостна криминални банди и трговци со луѓе. И доаѓаат во земја во која повеќето луѓе ги пречекуваат со сочуство и широкоградост за пример. Тоа е емоционално потресно.

Но, Германија е во исто време и преоптоварена. Се чини дека повеќе не важи ниту едно правило, закон или норма. Сите грижи и резервираност се тргнати на страна, а главната задача е како да се примат 800 илјади бегалци- задача на која треба да се гледа како на шанса, а не како на товар.

Новата германска доблест

Германците навистина делуваат како да се подготвени за потфатот примајќи ги бегалците со добрина и љубопитност, да не ја споменуваме притоа и огромната желба да се помогне. Речиси со неверување ги набљудуваме овие нови Германци, повикани од канцеларката Ангела Меркел да ја покажат новата германска доблест: флексибилноста. Со други зборови, оставете ги нештата нека се одвиваат по својот природен тек и дајте сѐ од себе. Но од каде дојде оваа подготвеност да се прифаќаат странци безрезервно, за разлика од некои други имиграциски земји?

Kudascheff Alexander Kommentarbild App
Александер Кудашеф

Тоа е наследство од Третиот Рајх и сеќавањето на стотиците илјади Германци кои беа принудени да бегаат и да бараат азил во Англија, САД, Франција, Швајцарија или Шангај. Тоа е сеќавање на судбината на многу Германци на кои бегството не им успеа и кои, во својот очај, извршија самоубиства или беа уапсени, депортирани и убиени.

Германската општествена ДНК

Уникатниот германски закон за азил кој им дава право на азил на жртвите на политичкиот прогон, токму поради тоа и беше вметнат во Уставот по Втората светска војна. Правото на азил не е акт на милосрдие, туку правна и морална обврска. Иако законот за азил беше изменет и разводнет пред 20 години, во својата суштина тој остана непроменет. Тој е дел од германската политичка и општествена ДНК.

Големото мнозинство Германци веруваат во оваа морална обврска, исто како и политичките елити. Мало малцинство ги напаѓа и протестира против бегалците. Нивните потфати се грди секако, но тие сепак остануваат многу мало малцинство. Сепак не смее да се исклучи дека подготвеноста за добредојде ќе доведе до едно преоптоварено општество. Затоа политиката мора конечно да делува. Да каже што може да стори, а што не, и на национално и на европско ниво. Се наоѓаме во вонредна состојба во која државата делува преоптоварено - во најмала рака далеку повеќе од своите граѓани.