1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предизвици за Груевски има доволно

22 јуни 2008

Претседателот Црвенковски денеска му го доделува мандатот за состав на идната влада на Груевски. Тое е почеток на неформалните коалициони разговори за идниот владин состав. Новото Собрание за сега работи без ДПА.

https://p.dw.com/p/EOKm
Груевски влегува во разговорите за составување нова влада по големата победа на изборите со зајакнати позицииФотографија: AP
Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска на пладне ќе му го додели мандатот за состав на новата влада на Никола Груевски. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ го добива правото за состав на идната влада откако коалицијата предводена од неговата партија освои најмногу гласови на предвремените избори во земјата. Според уставот, Груевски треба во рок од дваесет дена на Собранието да му ја поднесе програмата и предлогот за составот на владата, а тоа да гласа за нив најдоцна за 15 дена. Инаку мандатите на новите пратеници беа верификувани во саботата. Собранието доби и нов спикер, Трајко Вељановски. Но, засега работата на парламентот ја бојкотираат пратениците од ДПА.