1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Станува збор за пари, многу пари

Волфганг Бернерт/сн1 март 2016

Во трката за кандидатурата за претседател, односно претседателка на САД, не е потребно да се располага само со политичка програма, туку и со милиони долари.

https://p.dw.com/p/1I4qH
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP Photo/C. Kaster

Денеска е т.н супер вторник, во 12 сојузни американски држави истовремено се гласа на предизборите за претседателски кандидат на Републиканската и на Демократската партија. Со тоа предизборите во САД го достигнуваат својот зенит. Притоа политичките содржини играат веројатно еднаква улога колку и парите во оваа трка за претседателската кандидатура. Пред четири години на пример, американците избраа претседател и дел од Конгресот , а трошоците за тоа изнесуваа 6,3 милијарди долари. Во 2013 година во германсија се оддржаа парламентарни избори. Шестте најзначајни партии за тоа издвоија само 75 милиони евра ( 62 милиони долари)- значи една стотина од средствата издвоени во САД. Меѓутоа партиите во Германија добиваат бесплатен простор на телевизиите за предизборна кампања.

За разлика од САД каде најголемите добитници на предизборната кампања се американските телевизиски станици. Тие веќе заработија милиони долари од реклами. Џеб Буш, на пример, со помош на ваквите спотови се обиде да стане републикански кандидат за претседател. За тоа потроши 130 милиони долари, повеќе од кој било друг кандидат за време на оваа кампања. Залудно. Не доби поддршка ниту во една сојузна држава.

Погледнете го видео прилогот на оваа тема:

Огромни пари се вртат во кампањата во САД

Тој се откажа од кампањата, а парите на оние кои го поддржаа се залудно фрлени. На минатите избори во 2012 година во кампањи се вложени над 6 милијарди долари. Во САД партиите не ги финансираат рекламите на своите претседателски кандидати.

Поради тоа кандидатите се зависни од доброволни прилози. Секое приватно лице може да поддржи некој кандидат со 2.700 долари. (Предизборната внатрепартиска кампања и самата изборна кампања за претседател се сметаат одвоено).

За да можат да се овозможат и поголеми донации за кампањи се формираат т.н. Супер ПАКС: политичко акциски комитети. Тие можат да добиваат донации во неограничени износи, дури и од фирми и здруженија.

Сепак, овие комитети не смеат да ги дадат парите директно на кандидатите, а забранет е и каков било меѓусебен договор меѓу двете страни.

Тоа не е ни потребно. За комитетите работат поранешни соработници на претседателските кандидати. На сите им е познато кој комитет ја плаќа кампањата за кој кандидат. Кој дава пари, тој потоа ќе има и влијание.

Врховниот американски суд во 2010. година одлучи дека донациите се илегални само ако се докаже оти се работи за корупција. Додворувањето и обидот да се влијае врз политиката се елементи на демократијата, смета судот.