1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предвремените избори - мала надеж за крај на кризата

26 мај 2011

Македонија е меѓу најсиромашните земји на Европа. Поради корупцијата, економската мизерија и надворешно-политичката изолација расте резигнацијата. За надминување на состојбата треба да помогнат избори, но надежта е мала.

https://p.dw.com/p/11OW1
Фотографија: DW

Конзервативниот премиер на Македонија, Никола Груевски, безгрижно може да ја дочека завршната фаза од кампањата за парламентарните избори на 5 јуни. Имено, сите анкети предвидуваат убедлива победа за него.

Секогаш коректно, според правилата на модата, облечениот 40 годишен премиер убедливо победи и на претходните избори. Мудриот економист, заедно со својот албански партнер во владата, можеше да се потпре на комфорно двотретинско мнозинство.

Wahlkampagne Mazedonien Parlamenstwahlen SDSM Skopje 15.05.2011
Фотографија: MIA

Опозицијата, меѓутоа, од јануари го бојкотира парламентот, поради што Груевски распиша предвремени избори. На своите политички противници сакал да им покаже, кој е шеф во куќата Македонија, велат набљудувачите во Скопје. Владеачкиот табор се погрижи за навистина ништо да не тргне во погрешна насока. Тој ги контролира медиумите во иста мера, колку и можностите за рекламирање во нив!

Телевизијата А1, критички настроена кон власта, информираше дека менаџерите на државните претпријатија, како и раководителите на оддели во државната администрација морале да достават листи со по 30 лица, кои сакаат да гласаат за владата. Вработените во државната администрација морале да достават такви листи со по 15 лица. Само на тој начин биле сигурни работните места. Владата ова го оцени како злонамерна клевета и ги отфрла обвинувањата со образложение дека се политичка интрига.

Згора на се’ уште и изборните списоци. Таму се појавува впечатливо висок број на стогодишници, што остава простор за сомневање, дека како гласачи се регистрирани „мртви души“. Починатите едноставно не се избришани од избирачките списоци, за да може да се манипулира со нивните имиња. Паѓа во очи дека од два милиона жители, според избирачките списоци објавени во април, има повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас.

Nikola Gruevski Mazedonien Wahlkampagne Parlamentswahlen VMRO DPMNE
Фотографија: MIA

Корупцијата, притисоци врз медиумите и правосудството, кое е зависно од политиката, се дел од постојано проблематичните полиња. Не напредува ниту националното порамнување меѓу двотретинското словенско население и албанското малцинство кое сочинува 30 проценти. Надворешно-политички интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ е блокирана од соседот Грција.

Грција ќе дозволи натамошно приближување на Македонија кон двата сојуза, ако соседот го смени државното име. Атина инсистира само нејзината истоимена северна провинција да смее да го носи името Македонија. Во меѓувреме, странските аналитичари не се единствените, кои се сомневаат дека таборот на Груевски не е подготвен за компромис по ова прашање, оти воопшто не постои интерес за поврзување на балканската држава со Западот. Оти за политичарите, кои владеат со се’ не би можело да биде подобро, отколку што е денес.

Автор: Томас Брај (дпа)/ Александра Трајковска

Редактор: Горан Чутаноски