1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прв Божик во азил

Ѓ. Цобл / М. Бетјен / ЕМФ14 декември 2015

Прв Божик надвор од татковината: сириско семејство со азил во Германија зборува за празникот, сегашноста, иднината...

https://p.dw.com/p/1HMry
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Bockwoldt

Прв Божик во Германија - четирите деца од семејството Хабашие од Дамаск шетаат на Божиќниот панаѓур во источногерманскиот град Цвикау.

Семејството ја напуштило Сирија во август. Мајката успеала да побегне сама со четири деца. Таткото починал пред три години. По одисејата низ Грција, Балканската рута и различните бегалски кампови во источна Германија, пред еден месец стигнале во Цвикау.

Овде може да го погледнете видеото:

Прв Божик во азил

Носталгијата е голема. На Божиќниот панаѓур во Цвикау има работи кои го потсетуваат муслиманското семејство на животот во Сирија.

Рим Хабашие раскажува: „Во Сирија за Божик често одевме во христијанскиот кварт на Дамаск за да гледаме како е накитено и да јадеме божиќни колачиња. На Божик треба да си со семејството и да ти е убаво. Тоа го правиме сега.“

Се разбира, младите имаат желби за Божик: 11-годишната Рагад најмногу посакува Барби, 15-годишниот Јаман посакува да може да сними својот рап. Тој пее:

„Јас сум странец во нова земја, мојата татковина е во војна и е како голем затвор. Ми недостига мојата земја.“

Многу луѓе во Германија се трогнати од судбината на сириските бегалци. Подготвеноста да се донира и да се помогне е голема, особено за Божик, па на новодојденците им се делат многу божиќни подароци.