1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почна средбата Меркел - Заев

БГ
17 мај 2018

Во Софија само што почна средбата на германската канцеларка Ангела Меркел и македонскиот премиер Зоран Заев, потврдија од кабинетот на германската канцеларка за ДВ.

https://p.dw.com/p/2xrwd
Berlin - Kanzlerin Merkel empfängt Mazedoniens Regierungschef Zaev
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Hirschberger

Се очекува билатералната средба да трае меѓу 20 и 30 минути. Темите на разговор не се соопштуваат, но се очекува да се разговара за спорот за името со Грција. Претходно, германската канцеларка имаше разговор и со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Таа средба се одржа веднаш по средбата меѓу македонскиот и грчкиот премиер.

Германската канцеларка пред неколку дена изјави дека мора да му се посвети внимание на Западниот Балкан:

„Потрошив многу време на тоа оваа недела - да го обезбедам мирот таму. Тој е многу кршлив. Без оглед дали гледате кон Косово, Србија, Босна и Херцеговина, дали гледате на спорот за името во Македонија, гранични конфликти тука и таму, дури и Словенија и Хрватска сѐ уште разговараат за своите граници. Мораме да го решиме сето тоа, за да не постои секогаш некоја тензија, која може во секој момент да пламне", рече Меркел.

Заев и Ципрас во Софија