1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почеток на ерата на глобална нестабилност

Михаел Книге/бг29 јануари 2016

Минхенскиот безбедносен извештај, објавен во пресрет на Минхенската безбедносна конференција, презентира мрачен стратешки изглед за 2016. Ќе бидеме сведоци на почетокот на уште понестабилна меѓународна ера.

https://p.dw.com/p/1Hki0
Фотографија: Reuters/Sana

Би било нефер да се каже дека авторите на последниот Минхенски безбедносен извештај не се обиделе да пронајдат позитивни аспекти од 2015, годината која беше одбележана со разни кризи кои се чини само дополнително ескалираа.
Ги пронајдоа овие нешта:

Помалку од 10 проценти од светската популација сега живее во екстремна сиромаштија, драматично намалување во споредба со пред 25 години, кога околу 40 проценти страдаа од тој проблем.
Светските лидери во Париз конечно потпишаа потенцијално пресвртен меѓународен договор за борба против климатските промени.
По долгогодишни преговори, клучните меѓународни сили и Иран се договорија за потенцијално историски договор за нуклеарната програма на Техеран.

Безграничен конфликт

Но, освен овие три позитивни аспекти, конфликтите преовладуваат. Она што ги прави актуелните конфликти особено опасни и тешки за решавање е фактот што тие се повеќе се безгранични. Најдобар пример за тоа е Блискиот Исток, се наведува во извештајот:
„Војната во Сирија се претвори во неограничена регионална криза. На среден рок, таа може да ги доведе во прашање актуелните државни граници на Блискиот Исток. Второ, војната во Сирија е клучниот двигател на глобалната бегалска криза поради која 2015 беше година со најголем број бегалци уште од Втората светска војна“.
Најдобар пример за новата закана од безграничен конфликт е „Исламската држава“. Не само што ИД ја прошири својата сфера на влијание надвор од границите на Сирија и Ирак, туку користејќи ги современите комуникациски методи, таа се здоби и со меѓународни следбеници, како што покажаа нападите во Париз.

Ukraine Militär Winter
Украински војници.Фотографија: Getty Images/AFP/A. Stepanov

Беспомошни чувари

Европа, притоа, не е загрозена само од исламскиот тероризам. Безбедносниот поредок на континентот е оспорен и поради нерешениот конфликт во Украина, а политичкото единствено е предизвикано од драматичниот наплив на бегалци и големите несогласувања околу тоа како да се постапува во кризата. Уште полошо, порастот на национализмот како последица ја има и заканата кон Шенген-зоната.
Решенијата за овие кризи тешко се пронаоѓаат, делумно и поради пасивноста на „беспомошните чувари“ но и однесувањето на „несовесните уривачи“. Еден од клучните „чувари“ на меѓународниот поредок- САД, јасно ја лимитираше својата волја да делува како главен глобален кризен менаџер, наведува извештајот.

Bildergalerie Flüchtlinge an griechischen Tankstellen
Бегалци од Блискиот ИстокФотографија: DW/D. Cupolo

Неволноста на клучните западни сили да играат посилна меѓународна лидерска улога предизвика вакум на моќ во неколку конфликти и го зголеми потенцијалот за уште повеќе глобални кризи.
„Може да се каже дека опасноста од ненамерна ескалација никогаш не била поголема од крајот на Студената војна“, вели Тобијас Бунде, еден од авторите на извештајот за ДВ.

Во Европа, врските меѓу Русија и Западот остануваат лоши. „На Блискиот Исток, врските меѓу Иран и Саудиска Арабија не можат да бидат полоши, доколку се исклучи директна воена конфронтација“, се наведува во извештајот. „Тензиите меѓу Турција и Русија драматично пораснаа“. Во Азија, наметливоста на Кина загрижи многу нејзини соседи кои бараат засилена улога на САД.
Како резултат на сето тоа, прогнозата на Извештајот е мрачна, „2016 година најверојатно ќе биде период на зголемени ризици, вклучително и од воена конфронтација, на несигурност и фундаментална преобразба- почеток на понестабилна меѓународна ера“.