1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Посетителите го делат ентузијазмот за Келнската катедрала

24 април 2008

Последните истражувања покажуваат дека Германците ја избираат Келската катедрала како нивна омилена туристичка дестинација во земјата. Еве што велат посетителите за третата по големина готска црква во светот.

https://p.dw.com/p/Do28
Катедралата во Келн омилена за посетителитеФотографија: AP

Прекрасна е. Ова е трет пат да доаѓам овде. Јас сум дел од организацијата, што е е задолжена за одржување на катедралата, затоа што и` требаат многу поправки. (Кармен, Севиља, Шпанија)

Воодушевени сте откако првпат ќе ја видите. Но кога ќе ги проанализирате деталите, уште повеќе се воодушевувате. Можете да замислите колку работа и колку енергија е вложена за да се заврши проектот за нејзината изградба. Мислам дека ми треба една недела за да ја разгледам катедралата - да доаѓам секој ден и да собирам информации за историјата, како и за деталите на прозорците и склуптурите. Фасцинантно е! (Кармен, Германија)

Навистина е прекрасна. Само незјината големина – фантастична е! (Џени и Бил, Аделаида, Австралија)

Прилично е висока. Сум ја видел многупати затоа што живеам тука. Многу е импресивна внатре затоа што кога ќе влезете, таму е многу тивко, но истовремено е многу пространо. Убаво е да се почувствува таква тишина во толку масивна градба. Двете работи заедно навистина оставаат посебен впечаток. (Фабијан, Келн, Германија)

Многу е импресивна. Толку висока зграда! (Жен фан, Кина) Навистина сме воодушевени. Тоа е многу убава катедрала. Денеска е полна со верници кои сакаат да бидат благословени, бидејќи се празнува преображението на Богородица. Ние сме од Баварија. Славиме празник, па застанавме во Келн. Катедралата навистина е импресивна. (Сузане и Керолин, Германија)