1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поп-ѕвезди и коњичка парада за Елизабета Втора

ЖА/афп16 мај 2016

Во Виндзор синоќа беше отворено финалето на роденденското шоу во чест на кралицата Елизабета Втора. Таа пред еден месец наполни 90 години.

https://p.dw.com/p/1Ioft
Фотографија: Getty Images/C. Jackson

Четиридневните свечености по повод 90-от роденден на Елизабета Втора беа завршени синоќа во дворецот Виндзор, меѓу другото со голема коњичка парада.

London Königin Elisabeth 90. Geburtstag
Фотографија: picture-alliance/empics/A. Matthews

Во чест на британската кралица пееја меѓународни ѕвезди како Кајли Миног, Џејмс Блант, Гери Барлоу и тенорот Андреа Ботичели. Актери како Хелен Мирен, која за улогата на Елизабета на филмското платно доби Оскар, зборуваа за животот на монархињата која 64 години е на британскиот престол.

London Königin Elisabeth 90. Geburtstag
Фотографија: Getty Images/C. Jackson - WPA Pool

На крајот, околу 6 илјади посетители и‘ испеаја „Среќен роденден“ и националната химна, „Господ нека ја чува кралицата“.

Вистинскиот ден на своето раѓање, 21. април, Елизабета Втора традиционално го поминува мирно со семејно одбележување. Во средината на јуни пак ќе следи трета рунда на прославата со богослужба, парада во Лондон и голема забава пред Бакингамската палата.

Погледнете го видеото:

Среќен роденден, Ваше Височество