1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полската опозиција во контранапад

Бартош Дудек/превод: Ж.А.9 мај 2016

Стотици илјади луѓе на викендот излегоа на улиците на Варшава во знак на протест против политиката на национал-конзервативната влада. Мнозинството, кое уште стои зад неа, може да се изрони, смета Бартош Дудек.

https://p.dw.com/p/1IkBv
Фотографија: Reuters/K. Pempel

Полската престолнина повторно беше бина за масовни протести против владејачката национал-конзервативна партија на Јарослав Качински. Според проценките, имаше преку 200.000 луѓе, со што ова беше најголемата демонстрација против владата од откако таа ја презеде власта во октомври 2015 година.

Без сомнение, ова претставува успех на опозицијата, првенствено на либералната граѓанска платформа под водството на поранешниот министер за надворешни работи Гжегож Схетина. Се поажува исто така дека еден дел од општеството, пред се‘ во големите градови, не се согласува со владејачкиот стил на Качински.

Dudek Bartosz Kommentarbild App
Бартош Дудек

Добрите дела му помагаат на Качински

Но, масовната демонстрација не треба да залажува, зашто Качински и неговите следбеници ја држат власта цврсто во свои раце. Во прва линија, тој ужива голема популарност кај посиромашното, селско население. Ако се верува на анкетите на јавното мислење, национал-конзервативната Партија на правото и правдата на Качински и денес би ги освоила изборите.

Причината лежи првенствено во неодамна воведениот детски додаток, кој за многу сиромашни семејства претставува значителна финансиска поддршка. Без оглед на потезите - парализирање на Уставниот суд или претворањето на јавните медиумски сервиси во државно контролирани, добродетелствата во социјалата се чини за мнозинството сиромашни гласачи се поважни.

Лош предзнак

Сепак, стотиците илјади демонстранти не се добар предзнак за Качински и неговата партија. Ако Качински, како и досега, не и‘ излезе во пресрет на опозицијата и не е подготвен на компромиси, протестите ќе се засилат, што кога и да е, ќе се одрази и врз анкетите. Но, дотогаш има да се изоди долг пат.