1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Половина од сириските бегалци се деца

ЕМФ/миа/кна/дв23 август 2013

Од избивањето на граѓанската војна во Сирија, околу еден милион деца се во бегство, соопштија УНИЦЕФ и УНХЦР. Тоа значи дека половината од сириските бегалци се малолетни лица.

https://p.dw.com/p/19V0F
Фотографија: UNICEF Irak/2012/Abdulmunem

Речиси 750.000 од децата бегалци се на возраст под 11 години, соопштија УНИЦЕФ и Високиот комесаријат за бегалци. Во границите на Сирија, пак, се проценува дека во бегство се два милиони деца. Досега во крвавиот конфликт загинаа повеќе од 7 илјади момчиња и девојчиња.

Високиот комесар за бегалци Антонио Гутереш изјави дека сириската младина е соочена со опасност да ја загуби својата иднина. Шефот на УНИЦЕФ Ентони Лејк пак, оцени дека „меѓународната заедница потфрли во исполнувањето на својата одговорност кон децата“.

UNICEF Syrien Flüchtlingslager
Фотографија: UNICEF/NYHQ2012-0206/Romenzi

„Милион деца бегалци не е само бројка. Сите треба да се засрамиме, бидејќи додека работиме, за да ги намалиме страдањата на погодените од кризата, меѓународната заедница искажува немоќ со одговорноста за тие деца“, изјави Лејк.

Сирискиот конфликт, кој трае 29 месеци, на бегство натера околу 6,8 милиони луѓе, а од нив 4,2 милиони се во бегство во сопствената земја.