1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Полицијата ја пронајде отсечената глава на Ким Вал

ЕМФ / дв
7 октомври 2017

Два месеца по исчезнувањето на новинарката Ким Вал, нуркачите ја пронајдоа нејзината глава и нозете.

https://p.dw.com/p/2lQUO
Schweden Journalistin Kim Wal
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/Tom Wall

Шефот на истрагата Јенс Мелер во Копенхаген соопшти дека полицијата пронашла две торби: во едната била облеката на шведската новинарка, а во другата биле отсечената глава на Ким Вал и нозете. Нуркачите ги извадиле торбите од заливот Кеге.

Вал исчезна по интервјуто што го водеше со шведскиот пронаоѓач Петер Мадсен на неговата подморница во август годинава. Мадсен е осомничен дека ја убил 30-годишната новинарка, но тој тоа го негира. Торзото на Ким Вал беше пронајдено во водите пред Копенхаген, на 21 август. Обвинителството му префрла на Мадсен дека ја убил Вал, го исекол телото на делови и ги потопил. Во подморницата беа пронајдени траги од крв на репортерката.

Dänischer U-Boot-Kapitän Peter Madsen
Мадсен негира дека ја убил ВалФотографија: picture-alliance/dpa/AP/Ritzau Foto/Hougaard Niels

Мадсен пред судот тврдеше дека се работи за несреќа и дека врз главата на новинарката паднал капак од подморницата тежок 70 килограми. Тој изјави и дека Вал веднаш починала. Пронаоѓачот вели дека го фатила паника, по што го фрлил телото во водата, но негира дека го исекол телото на делови. По пронаоѓањето на главата на Вал иследниците не најдоа фрактури на черепот.