1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полицијата спречи нови безредија на истокот на Германија

ЕМФ/дпа/ртр16 септември 2016

Во германскиот град Бауцен се спречени нови безредија. И вчеравечер неколку стотини десни екстремисти стоеја наспроти левичарски демонстранти.

https://p.dw.com/p/1K3TO
Фотографија: picture-alliance/dpa/Xcitepress

По безредијата од средата, полицијата во Бауцен го зголемува присуството. Десничарски групи за викендов најавија демонстрации во градот.

Вчеравечер полицијата се постави меѓу 350-те десни екстремисти и 25-темина левичарски демонстранти и спречи ново насилство. Во средата во Бауцен дојде до судир на десните радикали со околу 20-мина бегалци.

Бегалците добија забрана за излегување навечер, а полицијата го зајакна обезбедувањето на нивните сместувалишта. Атмосферата во градот е тензична.

Во Бауцен е тензично