1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршка за македонските аспирации за НАТО

10 февруари 2008

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер го подржа пристапувањето на Македонија во НАТО.Поддршка искажаа и САД, како и Турција

https://p.dw.com/p/D5CR
Штајнмаер- покана и покрај проблемите со иметоФотографија: AP

Свесни сме дека постои проблем со името , но официјалниот став на Германија е дека Македонија , Хрватска и Албанија треба да добијат покана за членство на Самитот на Алијансата во Букурешт-изјави Штајнмаер на средбата со македонскиот претседател Бранко Црвенковски,на маргините на Минхенската безбедносна конференција. И позицијата на САД е дека трите земји треба да станат полноправни членки на НАТО . Македонија не е каков било кандидат, туку земја, која веќе сега толку многу придонесува за неколку мисии во кои учествуваат силите на Алијансата-изјави државниот секретар за одбрана на САД, Роберт Гејтс во Минхен. Претходно на Безбедносната конференција, подршка за земјите од Јадранската група да добијат покана за членство во НАТО на Самитот во Букурешт, искажаа и генералниот секретар на Алијансата Јаап Де Хоп Шефер и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Името не е критериум за членство и Турција ќе стори се билатерални спорови да не и се наметнуваат на Алијансата, туку таа да направи објективна проценка во врска со членството на Македонија -изјави Ердоган на средбата со Црвенковски во Минхен.

Црвенковски се надева на објективност

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски се надева дека членките на НАТО, праведно ќе ги проценат вистинските достигнувања на кандидатите за членство . „ Ние не сакаме ниту да бидеме привилегирани без заслуги ниту пак да бидеме дисквалификувани по истата основа“-изјави Црвенковски во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција . Според Црвенковски приговорите што Грција ги упатува во врска со членството на Македонија во НАТО , претставуваат обид едно билатерално прашање да се претвори во критериум за членство во Алијансата. Тоа би значело повреда на принципите на солидарност и наметнување тесен национален интерес врз заедничките интереси на организацијата -рече Црвенковски.

Тој истакна и дека Македонија повеќе од Грција сака проблемот со името да биде симнат од дневниот ред.