1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршка за Грција, но не и пари

12 февруари 2010

ЕУ сака да и‘ помогне на Грција да излезе од големата должничка криза во која се наоѓа. Но, помошта нема да биде со финансиски средства, туку преку преземање на обврски од страна на земјата и поголема контрола.

https://p.dw.com/p/LzNU
Јоргос Папандреу треба да води политика на штедењеФотографија: AP

Грција пред европските партнери, вчера попладне (11.02.2010) во Брисел вети дека ќе го намали буџетскиот дефицит од 12 на 4 проценти оваа година. Финансиска помош од ЕУ нема да има, заклучија лидерите на Унијата, бидејќи Атина не ја ни бара засега.

Шефовите на држави и влади дојдоа до заедничка политичка декларација на неформален самит посветен пред се‘ на грчката криза и спас на евро зоната.

“На агендата денеска беа две основни точки, кои се многу јасни во заедничката политичка декларација. Прво, заложбата на грчката влада да ги преземе сите потребни мерки на внатрешен план за да ја постигне договорената цел за намалување на дефицитот на 4 отсто, тоа е јасно кажано во декларацијата. А, исто така е јасно кажано дека членките на евро зоната ќе преземат мерки ако тоа биде потребно, за сочувување на финансиската стабилност на еврозоната во целост. Нема да има финасиска помош бидејќи грчката влада не побара такво нешто, тие сметаат дека не им е потребна. Ова е јасна највисока европска политичка заложба. Нема повисоко ниво на одговорност од ова“, изјави претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо.

Стриктно политичка поддршка

Поддршката на ЕУ за Грција засега останува стриктно политичка. Државата е веќе под строг мониторинг на европските институции. Владата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу ветува дека ќе ги следи сите препораки содржани во предлогот на Европската комисија за намалување на буџетскит дефицит.

Се очекува меѓу првите мерки на грчката влада да бидат зголемување на ДДВ-то и намалување на платите во администрацијата.

Плановите се амбициозни, санкции засега не доаѓаат во предвид, порачаа лидерите.

EU Nicolas Sarkozy Angela Merkel Brüssel Griechenland Finanzkrise
Ангела Меркел и Никола СаркозиФотографија: AP

Смирување на стравовите

Идната недела, министрите за финансии на еврозоната ќе се состанат за да ја разгледаат уште еднаш ситуацијата во Грција и препораките на Европската комисија.

Францускиот претседател, кој вчера одржи заедничка прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел ги смируваше стравовите:

“Нашата улога не е да создаваме вознемиреност, не е да шпекулираме и не е да правиме тешки сценарија, нашата улога е да ги донесеме одлуките кои од нас се очекуваат во моментот кога се поставуваат без двоумење, Грција не е сама и Грција е решена да ги вложи бараните напори. Ова е одговорот на Европската унија и ова е екстремно јак одговор“, рече францускиот претседател.

Опиплива тензија

Иако лидерите покажаа единство вчера во Брисел, тензијата беше опиплива. Со недели веќе земјите членки и европските институции бараат начин да ја стваат под контрола грчката економска трагедија без помош од Меѓународниот монатерн фонд. Иако ММФ до скоро се чинеше единственото решение за Грција, Брисел одби да биде под лупа на Вашингтон и сака да докаже дека може сам да ги решава внатрешните проблеми.

Griechenland Finanzkrise #NO FLASH#
Фотографија: DW/AP

Грција ќе мора да покаже посветеност и ригорозност во исполнувањето на преземмените обврски за санирање на економската состојба.

Не е исклучено мониторингот да се оддолжи на една до две години, велат дипломатите.

ЕУ-лидерите не разговарале за другите држави кои се во тешка економска состојба.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема