1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно среќа за Германците

Кале Копс13 декември 2015

Групите на Еуро 2016 во Франција се утврдени. На натпреварот на отворање на првенството , домаќинот игра против Франција. Германската фудбалска репрезентација може да биде задоволна со ждрепката во Париз

https://p.dw.com/p/1HMau
Фотографија: Getty Images/M. Hangt

Германската фудбалска репрезентација на Европското првенство во Франција во наредната година ќе игра во групата Ц каде за противници ќе ги има репрезентациите на Украина, Полска и Северна Ирска. Германскиот селектот Јоахим Лев по свеченото извлекување на групите во Париз беше задоволен: „Ние сме фаворити во групата и имаме намера да победиме во неа“. Германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер пак коментираше: „ Сите ние можеме да бидеме задоволни од оваа група. Противниците се прилично изедначени во квалитетот и ова не е најсилната група“.

„Задоволен сум со нашата група на Европското првенство“, порача преку Твитер репрезентативецот Томас Милер непосредно по ждрепката. Меѓутоа за секој случај тој го замоли својот колега од Бајен Минхен, Полјакот Роберт Левандовски да се воздржи од давање голови во мечот против Германија. Задоволен беше и менаџерот на репрезентацијата Оливер Бирхоф: „Имавме среќа. сакавме безусловно да ја избегнеме Италија. Ама се разбира мораме нашите противници во групата да ги сфатиме сериозно“.

Полска веќе беше противник на Германците во квалификациите за Еуро 2016. Во Варшава Милер и другарите загубија со 2:0. Германската репрезентација ќе игра против Северна Ирска и во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година. Украина по учеството на Еуро 2012 како кодомаќин со Полска за првпат по спортски пат се пласираше на едно Европско првенство.

Првиот меч избраниците на Лев го играат на 12 јуни во Лил против Украина, потоа следува дуелот со Полска на стадионот во париското претградие Ст. Дени а последниот натпревар во групата против Северна Ирска , Германците го играат на парискиот стадион „Парк на принцовите“. Германската селекција со тоа во нејзиниот втор меч во групата се враќа на „Стад де Франс“ , каде на 13 ноември годинава ја помина ноќта по терористичките напади во Париз со 130 загинати.

Комплициран модус

Infografik EURO 2016 GRUPPENPHASE ENG

Во натпреварот на отворањето на првенството на 10. јуни на „Стад де Франс“ играат домаќинот Франција како предводник на групата А и Романија. По спорното зголемување на бројот на репрезентации на 24 , во осминафиналето не влегуваат само прво и второ пласираните во групите туку и најдобрите четири третопласирани. Севкупно од 10 јуни до 10 јули нареднта година ќе бидат одиграни 51 натпревар на десет стадиони во Франција. Албанија и Швајцарија инаку ја комплетираат групата А.

Во групата Б се наоѓаат Англија, Русија Велс и Словачка. Бранителот на титулата Шпанија во групата Д ќе игра против Чешка, Турција и Хрватска. Во Групата Е пак се наоѓа првопласираната репрезентација на светската ранг листа на ФИФА Белгија заедно со Италија Ирска и Шведка. Групата Г пак ја сочинуваат Португалија, Исланд, Австрија и Унгарија.