1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Писмо до Баросо

Горан Петрески 21 јули 2008

Премиерот Никола Груевски испрати писмо до шефот на ЕК Жозе Мануел Баросо во кое го запознава со проблемите на македонското малцинство во Грција и протераните Македонци и бара помош за решавање на проблемите.

https://p.dw.com/p/Efy7
Жозе Мануел БаросоФотографија: AP

Македонскиот премиер Никола Груевски, испрати писмо до шефот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во врска со проблемот на македoнското малцинство во Грција и со прашањето на протераните Македонци од Грција.

На крајот од писмото Груевски бара помош од претседателот на Европската комисија. „Владата на Република Македонија апелира во рамките на вашите надлежности лично да се заложите за доследно почитување од страна на Грција на обврските кои произлегуваат од меѓународните инструменти за човековите права, со посебен акцент врз слободно изразување на етничкиот идентитет и сите права што произлегуваат од тоа. Нашите очекувања се Грција како членка на ЕУ и НАТО да почне дијалог што ќе доведе до исполнување на препораките на Европската комисија“ - стои во писмото на премиерот Груевски до шефот на ЕК, Жозе Мануел Баросо.