1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пеколот во трговскиот центар во Кемерово

ЕМФ /агенции
26 март 2018

Бројот на жртвите во пожарот во сибирскиот град Кемерово постојано се зголемува. Според последните информации, загинале најмалку 60 лица, меѓу кои и голем број деца.

https://p.dw.com/p/2uy7N
Russland Brand in einem Einkaufszentrum in der sibirischen Stadt Kemerowo
Фотографија: picture-alliance/dpa/TASS/D. Aikin

Пожарот, според медиумски извештаи, избил во недела попладне на четвртиот кат на трговскиот центар во Кемерово. Огнот прво се појавил во близина на катче за играње и кино. Спасувачите изутринава пронајдоа повеќе тела, соопшти портпаролката на истражниот комитет, Светлана Петренко. Во моментов се работи на идентификација на жртвите.

Russland Brand in einem Einkaufszentrum in der sibirischen Stadt Kemerowo
Фотографија: picture-alliance/dpa/TASS/D. Aikin

Руските медиуми, цитирајќи очевидци, јавуваат дека кино-посетителите прво не можеле да ја напуштат салата. Кога вратите конечно се отвориле, коридорите биле преполни со чад. Не бил вклучен аларм против пожар, а излезите во случај на нужда биле затворени.

Изутринава во врска со пожарот се уапсени три лица, јави агенцијата Итар Тас. Меѓу уапсените е и директорот на трговскиот центар. Се претпоставува дека биле направени повеќе прекршоци.

Пожарот сега е изгаснат, но зградата е загрозена од уривање. Веќе се урнале две од трите кино-сали.

Десетици загинати во пожарот во Кемерово