1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Партиите ги обелоденија победниците во дијаспората

5 јуни 2011

Според претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ тројцата избрани пратеници од дијаспората се’ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ има забелешка на начинот на кој се одвивал процесот на гласање во странство.

https://p.dw.com/p/11UpG
Први избори на Македонците во странствоФотографија: DW

Тројцата избрани пратеници од дијаспората се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е првиот резултат од седмите вонредни парлементарни избори на кои, за првпат, гласа и избира дијаспората. Во македонското иселеништво победници се Додевски во Австралија, Саздов во Америка, Манчев од Европа, соопшти шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.

За опозицискиот СДСМ нискиот одзив и изборот на тројцата пратеници со просечна доверба од само 2000 илјади гласови значи девалвација на нивниот легитимитет, регираше Гордан Георгиев. „ВМРО-ДПМНЕ го злоупотреби правото на гласање на македонските државјани кои живеат во странство. Сите три пратеника од дијаспорта се избрани со вкупно 2,5 илјади гласа за разлика од изборните единици во Македонија каде за избор на еден пратеник во просек се потребни најмалку 8.000 гласа“, рече Георгиев.

И Обединети за Македонија најавија дека ќе го оспорат гласањето на дијаспората, оценувајќи го процесот како „фарса“.

Автор: АЧ/ БГ/ АТ/ миа

Редактор: Александра Трајковска