1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата Франциско на Лезбос

Кристоф Штрак/ превод:сн8 април 2016

За неколку дена папата Франциско ќе ги посети бегалците на Лезбос. Додека се затвораат европските граници за бегалците, папата Франциско оди кај нив. Тој останува доследен на себеси, смета Кристоф Штрак.

https://p.dw.com/p/1IRs1
Фотографија: picture-alliance/S. Spaziani

Европа го слави договорот со Турција. Приливот на бегалци и мигранти преку Балканската рута стивнува. Многу земји го усовршија своето оградување од бегалците. Тие поставуваат жици и испраќаат војници на границите. Во тој контекст посетата на папата Франциско делува како провокација. Додека Европејците и оние кои сакаат да ги држат бегалците подалеку од себе, се зад огради, папата оди кај нив. Папата Франциско не е политичар. Тој е Франциско. Радикал кому ангажманот на Европа, христијанска Европа, не му е доволен. Тој никогаш нема да се помири со тоа. Тој бара повеќе. Таков бил и Свети Франциско. Неговото име Марио Бергољо спонтано го одбра во конклавата во 2013. година кога работата стана сериозна. И кога еден од неговите браќа го предупреди на новата должност да не ги заборави сиромашните. Тоа е неговата мисија. „Неприфатливо е Средоземјето да стане големи гробишта“, рече папата Франциско на 25. ноември 2014. година во Европскиот парламент во Стразбур. „На бродовите, кои секојдневно пристигнуваат на европските брегови има мажи и жени на кои им е потребна помош. Недостатокот на меѓусебна поддршка во ЕУ претставува опасност од барање партикуларистички решенија за проблемот кој нема да се грижи за достоинството на бегалците.“ По овој негов говор речиси сите аплаудираа. А тој и денес е еднакво актуелен. Папата Франциско не изрече само критики.

Тој формулираше и една визија: „Европа нема да може да се носи со проблемите поврзани со доселениците тогаш кога ќе биде во состојба јасно да го изложи сопствениот културен идентитет и во дело да ги спроведе законите кои ќе можат да ги штитат правата на европските граѓани и истовремено да гарантираат прифаќање на мигрантите.“ Папата во својот говор спомена и помош на лице место во земјите од кои потекнуваат бегалците, како и помош во решавање на конфликтот.

alt - bitte stattdessen 43309813 verwenden
Кристоф ШтракФотографија: DW

Патување на периферијата

Стразбур, освен некои места во Италија, е поинаква дестинација во Европа која во еднодневна посета ја посети папата Франциско. Девет недели претходно беше во Албанија, сиропиталиштето на Балканот. Воопшто, на своето прво патување од Рим тргна 100 дена по изборите на должност како поглавар на Римокатоличката црква. По негова желба тоа беше Лампедуза, мал остров кој уште пред неколку години стана синоним за смрт на илјадници луѓе во Средоземјето, што и денес се’ уште е.

Папата Франциско треба да се набљудува од преспектива на многу Лампедузи во светот. Тој оди до граници, сочувствува со оние кои се таму, на периферијата- со изолираните, маргинализираните. Понекогаш тоа изгледа малку социјално-утописки, понекогаш бунтовнички и блиско до комунизмот. Па што? Тој не е политичар. На многумина тоа им пречи.

Кога на папата Франциско за еден месец ќе му биде врачена меѓународната Карлова награда, во Ватикан ќе отпатуваат стотици Германци и Европејци. Европа, на која и’ е разнишана самодовербата, која се оградува и изолира, Европа која кокетира со нови мрачни национализми, со една од своите најголеми награди му оддава признание на провокативен човек кој најмногу ја опоменува. Кој тогаш ќе го слуша, мора неговите зборови од Стразбур да ги сфати посериозно и добро да размисли за неговите гестови како што се посетите на Лампедуза и на Лезбос.