1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ослободителна пресуда за екс-муслиманскиот командант Ориќ

ЖА
9 октомври 2017

50-годишниот Насер Ориќ, кого муслиманите го слават како воен херој, обвинението го товареше за убиство на тројца српски војници за време на српската опсада на Сребреница

https://p.dw.com/p/2lVMo
Naser Oric
Фотографија: Klix.ba/H.Muminovic

Босанско-херцеговскиот суд го ослободи Насер Ориќ од обвиненијата за извршени злосторства за време на војната во Босна во периодот помеѓу 1992 и 1995. година. 50-годишниот Ориќ, кого муслиманите го слават како воен херој, обвинението го товареше за убиство на тројца српски војници за време на српската опсада на Сребреница, град со претежно муслиманско население. Во тоа време Ориќ бил командант на одбранбените муслимански единици во Сребреница.

Меѓу муслиманите тој ужива голем респект поради својата борба против Србите. Во Србија пак ослободителната пресуда за Ориќ наиде на жестока критика. Ориќ спаѓа во малкуте преживеани од градот Сребреница, која во јули 1995. година беше освоена од Србите, при што тие убија околу 8.000 луѓе, претежно момчиња и мажи. Меѓународниот Хашки трибунал за злосторствата во бивша Југославија тоа го оквалификува како геноцид. Во 2008. година на Ориќ му беше изречена ослободителна пресуда во жалбена постапка, а најновата судска одлука се однесува на посебен, издвоен процес. 

Ослободителна пресуда за екс-муслиманскиот командант Ориќ