1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Општа несигурност по сексуалните напади во Келн

Марсел Фирстенау/превод: Ж.А.9 јануари 2016

Под поимот внатрешна сигурност во Германија досега главно се мислеше на одбрана од тероризам. По нападите во Келн, дефиницијата за тој поим се промени, смета Марсел Фирстенау.

https://p.dw.com/p/1Hae9
Фотографија: Reuters/W. Rattay

Веројатноста во Келн, Минхен или Лајпциг да станете жртва на исламистички напад, е екстремно мала. Без оглед на тоа, Германците со години најмногу се плашат токму од тоа. По сликата од Париз во ноември 2015 година, тоа е емоционално разбирливо. Слични глетки беа видени и во Лондон (2005), Мадрид (2004) или Њујорк (2001). Таквите напади во главите на луѓето во западниот свет оставаат посилен впечаток отколку атентати во Авганистан, Ирак, Сирија или Нигерија, во земји кои не само што се географски оддалечени, туку се далечни и во културолошки и верски смисол.

Кога во Багдад или во Абуџа ќе експлодираат бомби и ќе разнесат стотици луѓе, во Германија никој не помислува дека му е загрозена безбедноста. Меѓутоа, ако во Париз, како во четвртокот, во близина на полициската станица убијат маж кој извикувал „Алах акбар!“, тогаш Германците имаат чувство оти тероризмот опасно се приближил. А колку пак би се возбудиле ако нешто такво се случи во Берлин? Па сепак, мораме да им порачаме: „Не плашете се, Германија нема да излезе вон контрола!“

Германија - остров на среќници

Во споредба со земјите ширум светот, во Германија владее завидна сигурност. Без оглед на итноста од дискусија околу работи кои долго и од различни причини се табуизираат. По сексуалните напади во новогодишната ноќ во Келн и неколку други градови, се разгоре дебата на темата безбедност. И добро е што е така. Сега конечно почна отворено да се зборува за криминалните деликти кои претставуваат новина. Но, требаше тие да достигнат застрашувачки размери за да почне дебата околу нив од аспект на внатрешната сигурност.

Внатрешната безбедност не е само прашање на одбрана од тероризам. Тука спаѓаат и останати подрачја на активност: десничарски и левичарски екстремизам (НСУ и автономни групи), социјалните жаришта (паралелни општества) и цела палета криминални деликти (крадење автомобили, кражби во куќи, џепароши). Речиси секој граѓанин на овој или оној начин бил жртва на споменатите деликти. Па сепак во општеството не се раѓаше чувство на огорченост поради тоа. Но, се чини дека тоа полека почнува да се менува, ако ги погледнете реакциите од сопственото опкружување или во социјалните мрежи.

Kommentarfoto Marcel Fürstenau Hauptstadtstudio
Марсел ФирстенауФотографија: DW/S. Eichberg

Поединци мора остро да се казнат за престапите

За мнозинството жени досега ноќното возење во метро во германските градови не беше никаков проблем. Тоа не е проблем ниту по нападите во Келн. Но, за да се врати довербата во полицијата на полето на внатрешната сигурност, мора да се придвижат неколку работи. Притоа, прекинувачот за придвижување се наоѓа во рацете на целото општество. Неправдата мора да биде казнета. За таа цел не е потребно заострување на законите, туку применување на постојните. Тоа вклучува и протерување на странските прекршители, ако ги исполнуваат условите за тоа. Тоа нема врска со омраза кон странците, туку е единствено прашање на правна држава. Осудените деликвенти со германски пасош ќе завршат во германските затвори. Тоа е едноставно - барем теоретски.

Казните се важен сегмент на внатрешната безбедност. Тие проследуваат чувство дека криминал од било каков бид нема да се толерира. Проблем е само во малата квота на разјаснување на случаите. Кај некои деликти, квотата на расветлување тендира кон нула. Ако ви го украдат велосипедот, шансите некогаш да го видите повторно, се рамни на нула. Телесните напади често се разјаснуваат, но општествената болка не проаѓа. Заедно со зачестеноста на нападите и извештаите за нив, се засилува и чувстото на општа несигурност, дури и кај оние кои воопшто не се конкретно лично погодени.

Опачината на паролата „Помалку држава, повеќе приватни фирми“

Тој тренд може да се сврти ако се инвестира во безбедноста на вистински места. На јавните места мора да има повеќе полицајци, а тие мора да уживаат морална и материјална поддршка. Критиката поради пропустите паѓа врз грбот на политички одговорните. Она што сега го доживуваме е последица на пропагандната парола: „Помалку држава, повеќе приватни фирми“. Нејзина последица е постојаниот пораст на бројот на приватни фирми за обезбедување. Тие треба да се платат, а за тоа нема секој пари. Независно од тоа, со тоа потајно и кришум се поткопува монополот на државата.

И, како сега да се ослободиме од се‘ поголемата несигурност? Не преку ноќ, но со искрена дискусија, остри противмерки, трпение и откажување од популистички барања. Во тоа спаѓа и повикот на поголем видео-надзор и ангажирање војска. Сакаме ли да се помириме со дочек на Нова Година пред Бранденбуршката капија со илјади тешко вооружени војници околу нас?

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема