1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Опасност од цунами во Алјаска, земјотрес во Џакарта

ЖА / агенции
23 јануари 2018

По земјотрес со сила од 8,2 степени пред брегот на Алјаска, Американската метеоролошка служба издаде предупредување од цунами за делови од САД и Канада, но неколку часови подоцна го повлече. Потрес имаше и во Џакарта.

https://p.dw.com/p/2rMYM
Karte Alaska Erdbeben 23. Januar 2018 ENG

Епицентарот на земјотресот, според Геолошката служба на САД, се наоѓал на 278 километри југоисточно од градот Кодиак во Заливот на Алјаска, на десет километри длабочина. Луѓето во Кодиак почувствувале лесен потрес, но нема информации за можни штети. Населението од слабо населениот крајбрежен регион беше повикано од страна на Службата за заштита од катастрофи да се засолни на повисоки места, поради опасност од цунами. Неколку часа подоцна, предупредувањето е повлечено. 

Screenshot Twitter Indonesien
Последици од земјотресот во ИндонезијаФотографија: twitter.com/kompascom

И Индонезија денеска беше погодена од силен земјотрес. Повеќе луѓе на островот Јава се тешко повредени, соопштуваат надлежните служби. Потресот имал сила од 6 степени по Рихтеровата скала и предизвика паника во индонезискиот главен град Џакарта, луѓето со трчање излегувале на улиците. Извршена е евакуација на повеќе згради. Епицентарот на потресот бил на 130 километри југозападно од Џакарта, пред брегот на провинцијата Бантен. Телевизијата прикажа снимки од Бантен, како товарни возила се занесуваат од потресот. Во градот Сијаџур, што е во близина на епицентарот на земјотресот, се повредени ученици во гимназија кога се урнал таванот на училиштето. Шестмина од повредените се во тешка состојба.