Односите Скопје- Тирана степен повисоко
17 март 2011„ Денешната посета на мојот македонски колега Иванов ги подигнува за еден степен повисоко и така добрите односи меѓу нашите две земји, кои ќе продолжат да соработуваат со цел целиот Балкан да има придобивки од европската перспектива“. Ова на заедничката прес конфернција го изјави албанскиот претседател Бамир Топи, по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
„ Нашите односи секоједно се консолидираат. Имавме срдечна средба за теми од политички карактер, за односите меѓу двете земји, за евоатланската перспектива на нашите две змеји. Убедени сме дека земјите од западен Балкан ќе имаат поширока соработка“ , изјави Топи.
Пописот во Албанија со слободна волја на изразување
Според него Албанија и нејзините инситуции ги почитуваат сите права на малциснтвата, и оти Македонците во оваа земја се интегрирани. Во тој контекст Топи најавил дека пописот на населението ќе биде спроведен во согласност со целосно слободната волја на изразување.
Претседателите разговарале и околу спроведувањето на Охридскиот договор, при што Топи ја изнесол позицијата на Албанија за целосно и конкректно спроведување на договорот, што ќе созадело услови и албанскиот народ во Македонија да ги ужива сите права а што ќе послужело за стабилноста на Македонија и нејзината евроатланска перспектива.
Претседателот Иванов, задржуваји се на спроведувањето на охридскиот договор и последните инциденти , оценил дека одредени поединци се обидуваат се’ да поврзат со етничката припадност.
„ Причина не е Охридскиот договор, бидејќи тој е внесен в Уставот. Се’ уште на нашите простори имаме луѓе кои се обидуваат да манипулираат со луѓето. Постои тенденција поединци да манипулираат со луѓето врз етничка основа. И во вакви услови секое прашање е проблематизирано. Ваквите прашања треба да ги решат инситуциите“, рече Иванов.
Албанија нема предрасуди за земјите во регионот
Во рамките на продлабочувањето на односите меѓу балканските земји, претседателот Топи, изјави дека Албанија го потикнува дијалогот меѓу Косово и Србија
„ Албанија ги поттикнува разговорите меѓу Косово и Србија, секогаш тргнувајќи од почитувањето на инегритетот на секоја земја. Му кажав на претседателот Иванов дека Албанија нема предрасуди за земјите од регионот , значи посакуваме нашите односи да се прошират со сите земји, вклучувајќи ја тука и Србија, за да заедно ја најдеме еропската перпектива“, изјави Топи.
Шефот на македонската држава во Тирана се среќава и со премиерот Сали Бериша и со Јозефина Топали, претседател на албанското Собрание каде што Иванов има и обраќање. Посетата ќе ја заврши утре со средба со градоначалникот на Тирана и лидер на опозициските социјалисти, Еди Рама и со претставници на македонската заедница во Албанија.
Автор: Вера Тодоровска
Редактор: Симе Недевски