1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

150311 Libyen UNHCR

17 март 2011

И додека светските лидери се` уште не можат да најдат заеднички јазик околу зоната за забранети летови над Либија, во земјата и во нејзиното непосредно соседство се влошува хуманитарната ситуација.

https://p.dw.com/p/10ZYU
Бегалци од Либија по потекло од БангладешФотографија: dapd

Најголем проблем за соработниците на Бирото на ОН за координација на хуманитарната помош, кусо ОЦХА, е непрегледната состојба на теренот. Портпаролката Елизабет Бирс посочува дека од достапните информации произлегува дека во внатрешноста на Либија она што најмногу недостасува, тоа се медицински персонал и лекови. Ситуацијата ја влошува фактот што меѓу бројните бегалци се наоѓаат и голем дел од странскиот медицински персонал, кој работеше во Либија. Попрецизни информации портпаролката Бирс очекува од колегите, кои на викендот се вратиле од теренот:

„Во моментов чекаме на новости. Ситуацијата ја следиме од час во час, посебно кога станува збор за напредувањето на силите лојални на Гадафи. Можно е да се случи најстрашното сценарио, што ОН досега го сметале за можно. ООН веќе побара 160 милиони долари за хуманитарна помош, бидејќи смета оти таа им е потребна на преку 600.000 лица во земјата.“

Tunesien Libyen Flüchtlinge Zeltlager an der Grenze
Бегалски камп во соседен ТунисФотографија: dapd

Преполни кампови

Меѓународната организација за миграција, ИОМ, пак, се грижи пред се’ за евакуирањето на странските работници во Либија, кои доаѓаат од земји како Мали, Судан, Нигерија или Бангладеш. И изминатиот викенд голем број од нив ја минаа границата кон Тунис и Египет, така што прифатните кампови се преполни.

Сибела Вилкис од УНХЦР се жали дека на организацијата за бегалци на ОН и` стојат на располагање премалку транспортни средства, за да ги префрли сите бегалци од границата:

„Во принцип ни требаат повеќе летови. Можеме да евакуираме по 2.000 бегалци дневно, но вчера дојдоа 3.000 нови. Штотуку сте евакуирале овде некоја група, веќе на друго место пристигнала нова. Најголем проблем се оние кои веќе нема каде да се вратат, како на пример бегалците од Еритреа или Сомалија. За нив мораме да бараме посебни решенија...“

Flüchtlinge aus Libyen an der tunesisch libyschen Grenze
Бегалци од Либија чекаат за храна на границата со ТунисФотографија: AP

УНХЦР ги повлече сите соработници од Либија, исто како и Организацијата за миграција. Само уште Меѓународниот комитет на Црвен крст има неколку соработници на теренот. Тие се распоредени во источните региони, додека во западниот дел на земјата, каде владее Гадафи, оваа организација нема никаков пристап. Информациите од тие подрачја пристигаат само преку телефон и тоа од локалните лекари.

Автор: Паскал Лехлер / Горан Чутаноски

Редактор: Симе Недевски