1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Огнениот пекол во Лондон голта сѐ повеќе жртви

СН/ агенции
14 јуни 2017

Потрагата по преживеани и исчезнати по огнената катастрофа во британскиот главен град продолжува со голем интензитет. Поради пожарот беше одложено и формирањето на новата британска влада.

https://p.dw.com/p/2eh9d
Großbritannien Großbrand in Londoner Hochaus
Фотографија: picture-alliance/empics/V. Jones

Во огромниот пожар кој изби ноќеска во една повеќетница во западен Лондон, според досегашните информации загинаа најмалку 6 лица, соопшти британската полиција. Портпарол на полицијата меѓутоа соопшти дека веројатно ќе има уште смртни случаи во една од најголемите огнени катастрофи кои го погодиле британскиот главен град.  Тој истакна дека работите за пронаоѓање и извлекување на преживеани или загинати во пожарот се многу „комплексни“.

Тој исто како и градоначалникот на Лондон, Садик Кан, изјави дека многу лица се водат како исчезнати. „Многу лица се водат како исчезнати. Некои најдоа засолниште кај соседи или пријатели“, рече Кан во изјавата за телевизијата Скај њуз.

Großbritannien Großbrand in Londoner Hochaus
Фотографија: picture-alliance/AP/dpa/M. Dunham

Противпожарните служби претходно наведоа дека има настрадани во пожарот, но дека бројот е непознат. Службата за итна помош од друга страна соопшти оти повеќе од 76 лица се повредени и се префрлени во пет лондонски болници. Голем број од нив се наоѓаат во тешка состојба.

Градежните стручњаци на лице место изјавиле оти ја надгледуваат стабилноста на зградата и дека не постои опасност од уривање.

Großbritannien Großbrand in Londoner Hochaus
Фотографија: picture-alliance/Zumapress

Над 200 пожарникари го гасеа пожарот во зградата од 27 ката во која има околу 120 стана. За време на огнената стихија во висококатницата се одвивале драматични сцени. Очевидци за светските новински агенции изјавуваа дека виделе како луѓе паѓале или намерно се фрлале од зградата за да се спасат од пламените јазици. Пожарот во кулата Гренфел избувна околу еден часот по полноќ и сѐ уште не се знае причината.

Großbritannien Großbrand in Londoner Hochaus
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Dunham

Пожарот предизвика и политички последици. Формирањето на новата влада на Велика Британија, според наводите на веројатниот иден коалициски партнер на конзервативците на Тереза Меј, северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП) е одложено. Премиерката Тереза Меј пак истакна дека е длабоко разжалостена од трагичната загуба на животи во пожарот во кулата Гренфел.

Катастрофален пожар во Лондон