1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Огнен прстен од Париз до Бамако

Клаус Штекер Превод:сн21 ноември 2015

Заложничката драма во хотелот во Бамако јасно става до знаење дека анти-терористичката борба не ги погодува само Париз и Европа. Потребни се необични алијанси, смета Клаус Штекер.

https://p.dw.com/p/1H9wJ
Фотографија: H. Kouyate/AFP/Getty Images

"Die Sonne lacht, Blende acht" со оваа римувана реченица која во превод значи „ Сонцето се смее, бленда осум“, кусо пред масакрот во Бамако, германскиот Бундесвер во добро расположение извести за обуката за фотографија на портпароли на армијата на Мали. Еден ден подоцна никој повеќе не се смееше. Уште еднаш радикалните исламисти упатија јасен предупредувачки сигнал. Сигнал кој требаше да покаже: на нашиот безмилосен поход ние сме подготвени да дејствуваме, многу повеќе отколку што покажуваат нашите напади во Париз. Вие слабеете, станувате сѐ понесигурни. Нашите успеси се множат.

Париз, Анкара, Бејрут, Шарм ел Шеик и Бамако. Понатаму јужно Јола и Кано. Ако повлечеме линија меѓу овие места каде се случија најновите смртоносни напади со бројни жртви, веднаш точно го препознаваме она што војската го означува како „Огнен прстен“. Небезбедната линија исцртана од екстремистите и распространетите конфликти речиси целосно ја опкружува Европа. Уште пред 24 години највиоскиот офицер на германската армија, Генерлниот инспектор Клаус Науман, предупреди од „кризен појас од Авганистан до Мароко. Тогаш многумина тоа го сметаа за прекумерно претерување на еден милитарист. Тогашната изјава на Науман: „Крвопролевањето повеќе не може да биде табу тема за германските војници“, и самата беше кршење на табуата.

Европа сама си го отстрани својот „Фајервол“

Stäcker Claus Kommentarbild App
Клаус Штекер

Денеска овој огнен појас за кој говореше Науман е само неколку стотина километри одалечен од Европа и тампон зоната меѓу Мали и повеќе непостоечката држава Либија е потесна отколку што се верува кога ќе се погледне песочната празнина на Сахара. Ние- Западот- отстранивме од власт неколку диктатори, ама со нив и „Фајрволот“ односно „противпожарниот ѕид“, кој ја заштитуваше Европа.

Нападот врз хотелот Радисон Блу, наводно најзаштитениот хотел во главниот град на Мали, во прв ред е насочен кон Франција, која со нејзиниот воен ангажман во 2013 година во последен момент спречи распад на земјата и досега успешно отстрани некои терористички лидери. Но тој напад е насочен и против секој нејзин сојузник, против начинот на живот на Западот. Како и при серијата напади во Париз, секогаш станува збор за принцип. Тоа е ефикасната логика на заслепените масовни убијци. А германските војници, додуша како обучувачи, се наоѓаат среде сето тоа.

Истиот образец

Нападите во Париз очигледно дополнително го распламтија натпреварот во крвопролевање на божјите воини. Притоа не може да се појде от тоа дека една глобален команден штаб на ИД во Рака преку телефон, телеграм или друи Плејстејшн, ги координира нападите во Сахара и Сахел-вчера во кано, денеска бамако, утре Хановер или Берлин? На нивните сродни души не им се потребни повици. Тие функционираат според истиот примитивен, но решителен образец- без оглед дали се нарекуваат „ Стражари“ (Ал-Мурабитун), „Бранители на верата“ (Ансар-ал-Дине) или токму „Исламска држава“.

Некои веќе погрешно зборуваат за Трета Светска Војна- па дури и за глобална религиска војна. Оваа милитаристичка реторика води во ќорсокак, зашто редовите во прв ред мора да се збијат цивилизациски, со сигурност и со необични сојузници како Кина и Русија. Борците на оваа асиметрична армија се тешки за совладување, но се во малцинство. Нивните сојузници можат да се идентификуваат и со заеднички напори и да се изолираат. Меѓутоа воена компонента сепак е неизбежна. И тоа од Бамако до Берлин. Ако воениот сојузник на Германија, Франција има намера да се растовари во Мали, тогаш нема да ѝ бидат потребни лопати, понтонски мостови и фотоапарати, туку борбени трупи. Робустен мандат од ОН. Ќе се пролева крв, порано или подоцна, предупреди еднаш генералот Науман. Ќе има, како и во Авганистан, и германски жртви. Но ризикот мора да се преземе, со цел умерените сили, нормалните граѓани, верата- која ѝ да е- да не загубат